Деновите на Големиот пост се во полн ек, а домаќинките секојдневно бараат вкусни јадења кои се подготвуваат без млеко, јајца и други мрсни состојки.
Доколку и вие сте меѓу нив, тогаш овој рецепт дефинитивно ќе ве воодушеви.
Станува збор за прочуениот Јафа колач во посна верзија, токму онака како што го подготвувале монасите од Хиландар.
реклама
Потребни состојки:
500 грама брашно
1/2 кесичка прашок за печиво
Сок од еден портокал
Сок од еден лимон
250 мл млака вода
80 грама шеќер
150 грама посна чоколада за готвење
3 лажици суво грозје
1 лажичка цимет
1 цел портокал
1 рака сечкани бадеми или ореви
Џем од кајсија
Начин на подготовка:

Во сад ставете го џемот и шеќерот, па со миксер полека додавајте ја водата додека мешате. Потоа додадете го циметот, изренданата кора од портокал и сокот од портокал. Додадете ги и оревите или бадемите, сувото грозје и постепено, со мешање, додадете го брашното претходно измешано со прашокот за печиво.

Откако ќе добиете компактна смеса, истурете ја во плех обложен со хартија за печење, израмнете ја и малку смесата, протресете го плехот. Печете во претходно загреана рерна на 180°C, најмалку 25 минути.
Додека колачот е сè уште топол, премачкајте го со џем во количина по вкус, а потоа прелијте го со растопена посна чоколада за готвење.