Огласи
Бизнис

Германците планираат да им ги зголемат платите на доброволците – еве колку сега заработуваат

Институтот за економски истражувања со седиште во Минхен објави извештај за воената служба во Германија.

advertisement
advert

Германците предлагаат зголемување на платите за доброволно служење воен рок за да се зголеми атрактивноста на професијата.

Па така според извештајот објавен од Институтот за економски истражувања со седиште во Минхен, повисоки плати за доброволна воена служба би биле поисплатливи отколку да се врати задолжителниот воен рок. На овој начин германските вооружени сили би можеле да ги покријат своите кадровски потреби со нови регрути, но според извештајот, многу поисплатливо и помали би биле трошоците доколку им се зголемат платите на војниците доброволци и со тоа да се зголеми атрактивноста на оваа професија, коментира Пану Поутвара, експерт од Институтот во Минхен.

Повторното воведување на суспендираната воена регрутација во Германија би можело да го зголеми бројот на активни војници за 195.000, со годишна државна потрошувачка од околу 3,2 милијарди евра и економски трошоци од 17,1 милијарди евра. Од друга страна, поради задолжителниот воен рок, младите во Германија подоцна би влегле на пазарот на труд и би почнале да стекнуваат капитал, што би создало дополнителни трошоци за локалната економија, предупредува минхенскиот институт на својата веб-страница.

реклама

Фото: Фрипик

Второто решение кое предвидува зголемување на платите за доброволно служење воен рок би резултирало со поголема државна потрошувачка од 7,7 милијарди евра, но вкупните економски трошоци би биле значително помали и ќе изнесуваат 9,4 милијарди евра.

Повисоките плати за доброволна воена служба во Германија би биле економски поисплатливи отколку враќањето на задолжителниот воен рок и регрутирањето, се вели во извештајот објавен од Институтот за економски истражувања ИФО со седиште во Минхен.

Марpкетинг

Фото: Фрипик

Колку заработува војник во Бундесверот?

Поради различните додатоци на основната плата, тешко е да се прецизира очекуваната плата. Самата основна плата е дефинирана со класи на плати регулирани со германскиот закон за плати.

Основната плата зависи од чинот и нивото на искуство на војникот. Колку подолго некој е во служба, толку е поголема платата која може да се надополни со додатоци.

Почетната плата за доброволно служење воен рок во домашната безбедност според податоците од јануари 2024 година, на пример, е околу 1.400 евра нето.

Нема странски задачи, а должината на активноста може слободно да се избере помеѓу 7 и 23 месеци. Доколку кариерата во Бундесверот продолжи, може да се добијат повисоки чинови, во зависност од училиштето и стручната обука.

По завршувањето на целосната обука, војникот може, на пример, да стане дел од тим како падобранец, воен полицаец или офицер за воздухопловна безбедност.

Војниците во Бундесверот генерално може да очекуваат плата од околу 4000 до 5000 евра, додека официрите од 3000 па дури и ореку 10.000 евра за генералите во нивната армија.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Oglas

Поврзано

New Ad
Back to top button