Огласи
MAMAБебиња

Золвата во акција, името е „украдено“ – семејна драма за една жена по породувањето

„Сопругот и јас го одбравме името уште на почетокот на бременоста. Беше комбинација од две имиња на луѓе кои многу ги почитуваме. Кога споделивме на Фејсбук, никој не рече ништо. Но, по еден месец...“

advertisement
advert

Односите меѓу снаата и свекрвата, како и меѓу снаата и золвата, често се тема на расправии и недоразбирања. Дали тоа е поради објективни причини или едноставно затоа што „така мора да биде“, е тешко да се каже. Но, на социјалните мрежи, жените често ги споделуваат своите искуства, откривајќи колку овие односи можат да бидат комплицирани, па дури и да предизвикаат вистински семејни конфликти.

Една жена на Редит раскажа како нејзиниот живот се претворил во вистински кошмар кога нејзината золва, само еден месец по нејзината објава на Фејсбук за изборот на име за своето бебе, родила син и му го дала истото име.

фото пекселс

, золвата – која дотогаш не ни кажа дека е бремена – објави дека родила син и дека го нарекла својот син исто како што ние сакавме да го наречеме нашиот“, напиша очајната мајка.

реклама

Родителите на сопругот ја прашале зашто го направила тоа, а нејзиниот одговор бил дека прва родила и дека не гледа проблем во тоа.

„Сопругот беше разочаран и бесен, но таа инсистираше дека има право да го нарече своето дете како што сака. Ние долго размислувавме дали да го смениме името, но јас не сакав да се откажам. Одлучивме двете бебиња во семејството да го носат истото име. Кога ѝ го кажав тоа на золвата, беше шокирана“, продолжи жената.

Но, тогаш настапи уште поголем хаос – останатите членови на семејството почнале да ја обвинуваат дека е ситничава и дека треба да избере друго име. Золвата инсистирала дека не може да има две бебиња во семејството со исто име.

Марpкетинг

„Дали сум навистина јас лошата, или таа направи грешка?“ се запраша мајката, која бараше поддршка од корисниците на форумот.

Реакциите беа поделени – некои ја поддржаа, тврдејќи дека има право да се лути, додека други не гледаа никаков проблем.

„Јас и уште четворица блиски луѓе имаме исто име, и никому не му пречи“, напиша еден од корисниците.

Што мислите вие – кој е во право?

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Oglas
New Ad
Back to top button