Огласи
Бебиња

Улично куче спаси бебе фрлено во ќеса за ѓубре – приказна од која би напукнал и камен!

Улично куче му подари нов живот на едно бебе, покажувајќи ја неверојатната љубов што животните ја имаат кон луѓето.

advertisement
advert

Улично куче стана херој во Либија откако во средата беше пронајдено на улиците на Триполи, носејќи новороденче во ќеса за отпадоци. Бебето било оставено пред општинската зграда, а неговиот плач привлекол внимание на минувачите. Кучето ја носело ќесата за ѓубре во устата, а човекот кој налетал на него успеал да ја земе и во неа го нашол бебето.

Според извештаите на арапските медиуми, бебето имало модринки на телото и веднаш било префрлено во болницата на Исламската добротворна организација, а потоа транспортирано во Државната болница во Триполи.

Лекарите изјавиле дека бебето било старо само неколку часа и дека неговата состојба била тешка, но стабилна.

реклама

Иако новороденчето беше спасено навреме, вознемирувачки останува фактот што било напуштено од непозната личност. Засега нема информации кога точно било оставено, но е јасно дека било напуштено без никаква помош или заштита.

 

View this post on Instagram

 

Марpкетинг

A post shared by Pubity (@pubity)

Газан Рифи, новинарка од Триполи, изрази шок и збунетост во врска со мотивите на оној што го напуштил бебето, прашувајќи се дали лицето сакало да го остави во близина за да биде спасено или, пак, за да биде нападнато од животни.

– Не е познато дали „непознатата госпоѓа“ која го фрли детето и побегна во непознат правец сакала да го остави за да биде изедено од кучиња или за да му се обрне внимание, напиша таа на платформата Икс (X).

Полицијата започна истрага за случајот и трага по лицето одговорно за напуштањето на бебето.

Иако овој шокантен инцидент од 2023 година ја потресе заедницата, тој во исто време сведочи за неизмерната љубов на кучињата кон луѓето. Ова куче покажа неверојатна храброст и желба да помогне, потсетувајќи нè на нераскинливата врска што постои меѓу луѓето и нивните четириножни пријатели.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Oglas

Поврзано

New Ad
Back to top button