Огласи
Наши ѕвезди

Песната на Андреј и Панчо што го натажи целиот регион – коментарите претажни, текстот кине душа

„Србија плаче со вас, браќа Македонци“, „Вистинска трагедија, Почивај во мир, Бугарија е со вас“, се само некои од овие коментари.

advertisement
advert

Песната на Андреј и Панчо многумина ја слушаат со солзи…

Осум членови од групата ДНК настрадаа во пожарот што избувна на нивниот концерт во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Во страшната несреќа загинаа најмалку 59 лица, а повредени се 196 од кои 20 се деца, изјави денес министерот Панче Ташковски.

реклама

Во Кочани вчера и денес е траорно, а на лице место се и бројни новинарски екипи како од регионот, така и од целиот свет.

Нема некој што не е потресен од несреќата што се случи, а во шок се и колегите и пријателите на групата ДНК, кои со тажни пораки се збогуваат од трагично настраданите, но и се молат за Панчо кој ја преживеа несреќата и моментално е во болница.

Марpкетинг
Принтскрин/ Инстаграм

Тажна е сликата и на социјалните мрежи каде многумина ја споделуваат песната „Ако утре ме нема“, чии стихови кинат душа.

Принтскрин

Ако утре ме нема, ако утре ме нема, не… Тажни да не ве гледам, ново утро и добро е… Добро е…

Принтскрин

Емотивна изведба од песната како ја изведува починатиот пејач сподели и Спасен Сиљаноски, на oвој начин збогувајќи се од него.

Принтскрин

Тажни се и пораките што фановите на ДНК ги оставаат под оваа нивна песна на Јутуб, а многу од нив ја слушаат истата со солзи.

Принтскрин/ Инстаграм

Има многу коментари и од земјите од поранешна Југославија, како и од Бугарија, каде граѓаните исто така се потресени од она што се случи, па изразуваат сочувство до семејствата на загинатите.

„Србија плаче со вас, браќа Македонци“, „Вистинска трагедија, Почивај во мир, Бугарија е со вас“, се само некои од овие коментари.

epp

Принтскрин/ Инстаграм

Креваме чаша во твоја чест јунак

Песната со солзи ја слушаат и многу Македонци, за што сведочат и нивните бројни коментари што кинат душа.

Еве некои од нив:

„Тој ги стави животите на децата пред неговиот живот Господ да го БЛАГОСЛОВИ“, „Тоше ја имаше Цреша, оваа е на Андреј. Креваме чаша во твоја чест јунак. Почивај во мир“ пишуваат корисниците на социјалните мрежи.

epp2
Принтскрин/ Јутуб

Потсетуваме, во страшниот пожар што се случи во дискотеката „Пулс“ во Кочани загинаа најмалку 59 лица, а преку 190 се повредени.

Меѓу починатите се и осум членови на групата „ДНК“ – пејачот Андреј Ѓорѓиески, тапанарот Ѓорѓи Горгиев, клавијатуристот Филип Стевановски, гитаристот Александар Коларов, фотографот Александар Ефремов, придружниот вокал Сара Пројковска, тон-мајсторот Игор Велков и битбоксерот Мартин Атанасовски. Владимир Блажев – Панчо, кој заедно со Андреј е еден од основачите на бендот, ја преживеа несреќата, но во моментот е во болница со тешки изгореници и е приклучен на кислород. Несреќата ја преживеа и Ана Костадиновска, придружен вокал во групата, која во моментот е во стабилна состојба.

Принтскрин/ Јутуб

Принтскрин/ Јутуб

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Oglas

Поврзано

New Ad
Back to top button