Огласи
Дом и семејствоКултура[тор]

Ученици од Скопје треба да одат на светски шампионат – неопходна е финансиска помош за патувањето

ООУ „Александар Македонски“ од Скопје единствено од Македонија ќе учествува на Светскиот шампионат FIRST LEGO League во Грција (ФОТО)

advertisement
advert

Македонија оваа година ќе биде во друштво на најдобрите 50 тимови од целиот свет во FIRST LEGO лигата, која претставува глобална иницијатива која ги воведува децата во науката, технoлогијата, инжинерството и математиката (СТЕМ) преку интерактивно и забавно учење базирано на пракса. Македонија на Светскиот шампионат FIRST LEGO League кој од 2 до 4 мај ќе се одржи во Софико, Коринт, Грција ќе биде претставувана од Основното училиште „Александар Македонски“ од Скопје и тимот „Philips Revolution“ кои, пак, постигнаа неверојатен успех на националниот натпревар по едукативна роботика – FIRST LEGO League Macedonia 2025, кој се одржа на 1 март во „Дајмонд мол“ во Скопје, издвојувајќи се како апсолутни победници на натпреварот.

Токму поради тоа тимот „Philips Revolution“ се пласира директно на Светскиот шампионат FIRST LEGO League, каде ќе се натпреварува со уште 50 тимови од целиот свет!

Ова сезона 2024/25 темата во домашната FIRST LEGO-лига беше „Истражување на океаните“. Океаните се срцето на глобалниот екосистем, а учениците имаа можност да создаваат решенија за зачувување и одржливостна океанските ресурси. Учествуваа 23 тимови од цела Македонија, од 16 државни училишта од Скопје, Битола, Штип, Кочани и Тетово, што претставува најмасовен настан досега. Повеќе од 500 ученици и ментори со својата енергија, знаење и креативност покажаа што значи да се биде дел од иднината!

реклама

Tимот од ООУ „Александар Македонски“ од Скопје

Но тимот од ООУ „Александар Македонски“ од Скопје се издвои со извонредна тимска работа, посветеност и иновација, освојувајќи високи резултати во сите четири категории:

🤖Image Роботска игра – Стратегија, прецизност и брзина!
⚙️Image Роботски дизајн – Инженерска креативност и техничка изведба!
🌍Image Основни вредности – Тимски дух, почит и соработка!
💡Image Иновативен проект – Визија за подобра иднина!

Марpкетинг

Tимот од ООУ „Александар Македонски“ од Скопје

Победничкиот тим на ООУ „Александар Македонски“ беше составен од Давид Галовски, Јордан Георгиевски, Елена Станчевска, Меглена Попова, Матеј Амбаровски, Николина Богданоска, Марко Медиќ, Калин Флоровски, Иван Аврамовски, Михаил Чичевски, Јован Ѓоревски, Јована Ужевска, Марко Стојаноски и Георгина Димовска.

Tимот од ООУ „Александар Македонски“ од Скопје

„Со ова победа нашите млади генијалци покажаа што значи посветеност, неуморна работа и тимски дух. Во изминатиот период, тие вложија безброј часови во тестирање, дизајнирање, програмирање и стратегија. Но, зад секој успешен тим стојат инспиративни ментори и наставници, кои го предводеа тмот како најголема поддршка и мотивација: одделенските наставници Благица Кузманоска, Снежана Андреевска и Елена Маневска, наставничката по техничко образование и информатика, Надежда Јордановска, наставничката по математика, Татјана Ушинова, наставничката по историја и општество, Рената Тодороска Ѓорѓиевска и наставничката по етика, Сузана Станковиќ-Стефановска. Голема благодарност и до директорката Маја Буклеска, која ја препозна оваа идеја и овозможи реализација на оваа едукативна роботика во училиштето! Нејзината поддршка беше клучна за овој голем успех!“ – велат од тимот на „Philips Revolution“ од ООУ „Александар Македонски“.

Tимот од ООУ „Александар Македонски“ од Скопје

НЕОПХОДНА ФИНАНСИСКА ПОМОШ ЗА ПАТУВАЊЕТО НА СВЕТСКИОТ ШАМПИОНАТ

Ова училиште ќе биде единственото од Македонија кое ќе учеството на Светскиот шампионат. Нивниот успех е доказ дека македонскиот талент и потенцијал се рамноправни со глобалните стандарди. Ова патување во Грција е повеќе од натпревар – тоа е момент што ќе ги обликува како лидери на иднината! За сите млади лица ова не е само натпревар но пат кон иднината!

Токму затоа е неопходна и финансиска поддршка од домашните институции, но и индивидуалци како начин за неопходно покривање на патните трошоци, котизацијата за натпреварот или сместувањето.

Tимот од ООУ „Александар Македонски“ од Скопје

„Секој придонес ќе ни помогне да ја исполниме оваа голема мисија и да го донесеме нашиот тим на светската сцена“.

epp

СЕКОЈА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ЌЕ БИДЕ ДОБРЕДОЈДЕНА:

Уплатата можете да ја извршите на следната сметка:
Банкарска сметка: 250-0010040672-87
Банка: Шпаркасе Банка
Назив на правно лице: Академија за роботика и иновации
Цел на дознака: спонзорство за учество на светски натпревар во FIRST® LEGO® лига Грција
Модел: PP30

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Oglas

Поврзано

New Ad
Back to top button