Огласи
Нега и здравје

Една намирница е лек за црниот дроб, а во Македонија ја имаме за евтина цена – доктор објаснува зошто е толку корисна и за децата

За тоа дали е путерот поштетен од маргаринот, или обратно, се дискутира со години, но лекар не потсетува на една намирница која е суперхрана за црниот дроб, а во Македонија ја имаме насекаде.

advertisement
advert

Сè уште постои дилема што да се јаде и како да се направи класификација која храна е навистина здрава, а која само така се рекламира.

Една од најчестите дилеми е дали е подобро да се консумира путер или маргарин, а според бројни истражувања, првата опција е многу поздрав избор од втората. Многумина стручни лица нагласуваат дека путерот е природен производ со минимална обработка и без вештачки адитиви, додека кај маргаринот ситуацијата е сосема спротивна.

фото-пекселс

Маргаринот се смета за ултрапреработена храна бидејќи може да содржи емулгатори, бои и конзерванси. Бројни студии ја поврзуваат ултрапреработената храна со нарушено здравје, вклучувајќи дебелина, дијабетес тип 2, што директно води до оштетување на црниот дроб, како и до срцеви заболувања.

реклама

Проф. д-р Воислав Перишиќ, гастроентеролог, во гостување во емисијата „Јутро“ на српската Прва телевизија, зборуваше за здравјето на црниот дроб, а особено се осврна на придобивките и штетностите на одредени намирници за овој орган.

Тој зборуваше за сирењето, но и за путерот како опција што многумина ја користат и ја даваат на децата.

– Сигурно некогаш сте виделе газа со грутка сирење, додека одоздола нешто се цеди. Тоа значи дека се работи за урда, а она што се цеди е сурутка. Во урдата се наоѓаат масти, протеини и аминокиселини, и таа е исклучително хранлива. Урдата е полна со витамини. Таа претставува само исцедена сурутка со лактоза што се ферментира со додавање лимонска киселина. Не е мрсна, богата е со минерали и освежувачка е, а има релативно ниска калориска вредност– објасни д-р Перишиќ.

Марpкетинг
фото-пекселс

Потоа тој нагласи зошто урдата е толку важна и зошто треба да се консумира.

– Има квалитетни протеини – албумин и глобулин, кои се протеини од сурутката. Не содржи масти. Тие што имаат подуеност по консумирање млеко, грчеви, како и лицата со хепатитис, треба да јадат урда. Таа е лесно сварлива и брзо го обновува организмот. Урдата е диететски производ добиен од сурутка. Таа е грутчеста бидејќи нема масти. Кој има заболување на црниот дроб или дигестивниот систем, задолжително треба да ја консумира. Одлична е и за деца, подобра од путер.

фото-пекселс

Кога станува збор за урдата, во Македонија обично постојат два вида. Свежа или млада, која се консумира веднаш по цедењето на закиселеното млеко, и стара, која се остава да отстои 3 до 4 недели и обично се комбинира со пиперки за да добие киселкаст вкус. За многумина, ова е еден од најдобрите домашни специјалитети.

фото-пекселс

– Колку урдата постара, толку е повкусна. Урдата е целосно ферментирано млеко, содржи лактоза, протеини и липиди. Таа е одличен избор за појадок – ако сакате да нахраните дете со многу масти и протеини, дајте му урда  – заклучи познатиот гастроентеролог д-р Перишиќ.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Oglas

Поврзано

New Ad
Back to top button