Најтажната снимка од Кочани – работниците во солзи ги подготвуваат гробиштата, плаче цел град (видео)
Како што може да се забележи од бројните снимки објавени од медиумите што беа присутни на терен, во Кочани вчера беше крајно потресно.

Цела Македонија во црно, во Кочани траорно
На состанокот што вчера беше одржан во општината во овој град градоначалникот во оставка донесе неколку одлуки меѓу кои и оние поврзани со Градските гробишта во Кочани.
Покрај одуката за одредување на посебно место за настраданите во пожарот донесен е и одлука за бесплатна додела на парцели за починатите и обезбедување на погребните услуги кои се во надлежност на ЈКП Водовод, пишува во соопштението што беше објавено вчера.
Потсетуваме, најмалку 59 лица настрадаа во пожарот кој што се случи ноќта помеѓу саботата и неделата околу 03.00 асот по полноќ.
Принтскрин/ Социјални мрежи
Пожарот избувна за време на концертот на групата ДНК во дискотеката Пулс во Кочани, а меѓу починатите се и седум членови на бендот.
Во страшната несреќа покрај големиот број загинати има и најмалку 150 повредени лица кои веднаш беа префрлени во болниците во Кочани, Штип и Скопје, а потоа беа транспортирани во околните земји.
Принтскрин/ Социјални мрежи
Како што може да се забележи од бројните снимки објавени од медиумите на терен, во Кочани вчера беше крајно потресно.
На терен се присутни и новинарски екипи на најголемите светски медиуми, а Ројтерс објави снимка од копање на гробиштата.
Насекаде тажни сцени што кинат душа
Колони граѓани во солзи стоеја и чекаа во ред за да запалат свеќи за своите пријатели и сограѓани кои настрадаа во несреќата, а на секаде можеше да се слушне само плач и лелеци. Поразговаравме со неколку лица што ги познаваме од Кочани, сите се согласни дека целиот град тешко ќе закрепне по една ваква страшна несреќа. Нема некој во градот што нема близок или што не познава некого што настрадал во дискотеката на ужасот, а за ужалените семејства, никој ги нема вистинските зборови за утеха, бидејќи болката е преголема и ништо на овој свет не може да им ја надомести загубата.
Но да се молиме сите задно за нив Господ да им даде сила да го издржат ова тешко бреме, но и за сите оние кои се во болниците, ни кажаа со растреперен глас граѓаните од овој град со кои поразговаравме.
Најмалку 59 жртви!
Потсетуваме, во страшната несреќа што се случи во дискотеката „Пулс“ во Кочани настрадаа најмалку 59 жртви.
Несреќата се случи откако прскалките кои биле користени како светлечки ефекти на концертот на ДНК, го запалија таванот на клубот, по што пожарот брзо се прошири и го зафати целиот простор.
Во моментот на несреќата во клубот имало преку 500 лица, а во просторот немало врата за итни случаи и пожари, така што многумина не успеале на време да го напуштат просторот и настрадале од огнот и чадот.
По несреќата покрај големиот број загинати во болниците во Штип, Кочани и Скопје се пренесени преку 150 лица, а потоа голем број од нив се префрлени во болниците во соседните земји.