Денес се молиме на светецот на светлината, лично чуван од Архангел Михаил! Направете едно нешто за да ви помогне – секогаш ги услушува молитвите!
Денес го славиме Светиот маченик Конон Исавриски – заштитникот што ја носи Божјата светлина.

.Денес, Македонската православна црква го одбележува споменот на Светиот маченик Конон Исавриски, светител од 2. век, познат по својата голема вера, посветеност и страдања за христијанството.
Според преданието, Свети Конон бил поучен во верата и крстен од самиот Архангел Михаил, кој го следел и штител во текот на целиот негов живот.
Свети Конон уште од младоста бил привлечен од духовните вредности, а не од земното богатство. Кога неговите родители го присилиле да се ожени, тој ѝ покажал на својата невеста запалена свеќа под поклопец и ја прашал:

“Што е подобро – светлината или темнината?”
Кога таа одговорила дека светлината е подобра, тој ѝ зборувал за христијанската вера и за духовниот живот што е повозвишен од телесниот. Со своите зборови и примери, успеал да ја приведе кон верата, како и своите родители.
По смртта на сопругата и родителите, Свети Конон се повлекол во пост и молитва. Се прославил како светец, а многумина доаѓале кај него барајќи совет, утеха и исцеление.

Во времето на прогонот на христијаните, Свети Конон бил фатен и мачен – целиот бил избоден со ножеви, но дури и во тие страдања не ја изгубил верата. Неговата крв, според сведоштвата, станала лек за болните – оние што се мачкале со неа, добивале исцеление.
Се упокоил во Бога во својот роден град и останал во спомен како голем заштитник на верниците. Се верува дека, како што Архангел Михаил го чувал него, така и Свети Конон денес ги штити и води оние што му се молат.
Што треба, а што не треба да правиме денес?
Запалете свеќа денес во најблиската црква или дома и со чисто срце помолете се на свети Конон Исавриски, барајќи водство и заштита. Нека вашата молитва биде исполнета со искрена вера, бидејќи тој секогаш ги услушува оние што му се обраќаат со љубов и надеж.
Да покажеме добрина и хуманост кон другите, како што Свети Конон несебично ја ширел љубовта и верата.
Се смета дека не треба да се предаваме на гнев, кавги и лоши мисли – денот е за мир и духовна посветеност.

Молитва кон Свети Конон:
О, Свети Кононе, верен служителу на Бога, ти што страдаше за вистината и ја донесе светлината на верата, застапи се за нас пред Господ. Дај ни сила да ги пребродиме искушенијата, да останеме непоколебливи во љубовта и милосрдието. Амин.