Дејан Миличевиќ искрено за загубата на паметењето: 10 часа без сеќавање, а потоа – чудо!
Ми направија детални испитувања и некој пушти информација дека сум на одделот за мозочни удари, но не претрпев мозочен удар.

Познатиот фотограф Дејан Миличевиќ, кој долги години престојуваше и во Скопје работејќи со голем број на познати личности од македонската естрада, отворено зборуваше за здравствените проблеми што ги преживеал.
Тој објасни дека во 2018 година поминал низ синдромот TGA, кој се јавува како резултат на прекумерно оптоварување на мозокот.

Транзиторната глобална амнезија (TGA) е привремено невролошко нарушување што се карактеризира со ненадеен и минлив губиток на помнењето, при што личноста не е во можност да запомни нови информации.
– Ова може да им се случи и на мажи и на жени кога мозокот е преоптоварен и „забагува“, слично како компјутер. Инаку, имам хипертензија поради вишок килограми и други фактори. Секојдневно го мерам крвниот притисок, но тој ден имав прекин на помнењето во период од 8 до 10 часа.
Не се сеќавам на ништо од тој момент, подоцна ми раскажуваа што се случувало. Кога тргнав од дома, не знаев дека треба да одам кај мајка ми на ручек. Го повикав мојот монтажер и го прашав каде воопшто сум тргнал. На крај, кога ме виде мајка ми, единствено што ѝ кажав беше дека ништо не паметам. Сите веднаш помислија на најлошото, а на крај завршив во болницата „Свети Сава“ – се присети Миличевиќ во емисијата RTS Ординација.
Лекарите по прегледите веднаш утврдија дека не станува збор за мозочен или срцев удар, туку за синдром на транзиторна глобална амнезија (TGA).
Марpкетинг
– Ми направија детални испитувања и некој пушти информација дека сум на одделот за мозочни удари, но не претрпев мозочен удар.
Сè траеше 12 часа, а потоа целосно се освестив. Ова искуство ме научи колку е важно да се грижиме за здравјето. Денес луѓето премногу го оптоваруваат мозокот со информации, слики, телефони… Сето тоа може да доведе до слични проблеми.
Интересно е што синдромот TGA кај мажите најчесто се јавува по туширање, додека кај жените – за време на шопинг – на шеговит начин истакна Милиќевиќ.

Како се препознава транзиторната глобална амнезија?
Оваа состојба настапува одеднаш и има неколку клучни симптоми:
Лицето е дезориентирано во времето и просторот, но е свесно за својот идентитет.
Континуирано поставува исти прашања, како „Каде сум?“ или „Што се случува?“, бидејќи не може да го задржи одговорот подолго од неколку минути.
Присутен е антерограден губиток на помнењето – личноста не може да запомни настани што се случуваат од моментот на почетокот на епизодата.
Можно е да има и ретрограден губиток на помнењето, при што личноста не се сеќава на настани од изминати месеци или години.
Нема нарушување на свеста, ниту други невролошки испади.
Личноста може нормално да извршува задачи и да одговара на едноставни барања.
Епизодата на TGA трае најмногу 24 часа, по што меморијата постепено се враќа, а опоравувањето вообичаено е целосно. Сепак, во 25% од случаите, амнезијата може повторно да се јави во наредните години. За среќа, кај Дејан состојбата успешно се стабилизирала.