„ТИЕ нѐ уништија“ – Јордан Митев бесен на аматеризмот и замижувањето пред неправдата
„Во Германија не поминува скоро ништо на шашма, за разлика од кај нас, 'Ајде бе, добро е'.“

Нашиот познат фолк-пејач и композитор Јордан Митев не само што изрази огромна тага за загинатите во ужасната несреќата која се случи во дискотеката на смртта во Кочани, туку и покажа бес кон крајниот аматеризам и негување на лажни вредности.
„“Нашиот“ аматеризам, непрофесионализам, лажни вредности, вреднување и воздигнување на невредните, замижување пред неправдата, користење на политиката за прикривање на сопствените слабости и недостатоци и тн и тн.. не уништија.
Последен пат кога бев во Германија по не знам кој пат се воодушевив на големиот професионслизам што владее таму. Одговорниот на салата, Германец вработен од општината, со метро во раката ги провери сите маси дали се точно распоредени, поставени според дозволените димензии. Не поминува таму скоро ништо на шашма, за разлика од кај нас, “Ајде бе, добро е”.
Е ќе помине можеби 20 пати, но на 21от кога ќе се случи нешто тогаш ќе го земе данокот и за останатите 20.
Голема трагедија. Голема загуба за Кочани и за цела Македонија. Најголема загуба за семејствата. Сочувство до фамилиите“ – напиша Митев на својот фејсбук-профил.
Во посебна порака Митев со потресна објава се прости од Сара, негова многу блиска пријателка и соработничка.

„Сара, утрово ти пратив порака со надеж дека си добра, но не добив одговор…Ти Благодарам за сите отпеани прекрасни придружни вокали во моите песни. Ти Благодарам што секогаш позитивно одговараше на моите професионални барања во било кое време. Голема ведра душа и вонсериски уметник! Почивај во мир“ – напиша фолк пејачот.
