Беше полна со љубов, омилена меѓу колешките – Сара Пројковска имаше тежок живот, но беше лавица!
Трагично настраданата Сара имаше тажен живот – нејзиниот сопруг почина пред 4 години, беше самохрана мајка...

По големата трагедија од Сара со тажна порака на социјалните мрежи се збогуваа и колегите од Факултетот за музички уметности, како и бројни ѕвезди со кои Пројковска беше мошне блиска во текот на својата кариера.
Во пожарот што се случи вчера во раните утрински часови во дискотеката „Пулс“ во Кочани загина и Сара Пројковска.
Сара беше придружен вокал во ДНК, но во текот на својата кариера настапуваше со бројни музичари меѓу кои и со Тоше Проески.
По големата трагедија од Сара со тажна порака на социјалните мрежи се збогуваа и колегите од Факултетот за музички уметности, како и бројни ѕвезди со кои Пројковска беше мошне блиска.
Инстаграм
И како што велат оние што ја познаваа, Сара секогаш беше полна со љубов, а музиката беше нејзиниот живот.
Инстаграм
Таа беше добрица и се однесуваше како сестра со сите, но и вистинска лавица која како самохрана мајка се грижеше за своите две деца.
Инстаграм
Имено, нејзиниот поранешен сопруг, џез трубач и професор по труба, Александар Николовски, почина во 2021 година.
Таа остана со своите две деца за кои се грижеше како лавица, а покрај тоа што им пееше придружни вокали речиси на сите поп изведувачи во Македонија, таа работеше и како вонредна професорка по пијано на ФМУ.
Инстаграм
Таа беше самохрана мајка на две деца кои сега ќе останат без родители бидејќи пред четири години почина и нивниот татко, Александар Николовски, кој исто така беше музичар, а си замина на 48-годишна возраст.
Нејзината колешка Ана Костадиновска, која исто така пееше вокали во „ДНК“ и предава во средно музичко училиште, во моментот е во стабилна состојба и се наоѓа на домашно лекување, пренесуваат медиумите.
Инстаграм
Меѓу жртвите е и Филип Стевановски, клавијатуристот на ДНК и директор на Центарот за култура „Ацо Шопов“ во Штип.
Покрај Филип, во страшната несреќа животот го изгуби и младиот музичар Ѓорѓи Ѓоргиев од Струмица.
Тие само неколку часови пред трагедијата споделија заедничко видео што кружи на социјалните мрежи.
Повеќе за ова прочитајте тука…