Огласи
Наши ѕвезди

На Владимир во текот на ноќта му се влошила состојбата – Панчо те молам, не се предавај, напиша Ребека

„Да се молиме за сите кои се борат за живот вечерва. Да се помолиме за Владимир, Панчо, мојот ма Буцо од детството кој носеше на пица да ме части, а имаше 12 или 13 годни. Буце кој е голем борец, патриот, хуманитарен уметник“, пишува пејачката Ребека на Инстаграм.

advertisement
advert

Владимир Блажев, познат како Панчо од „ДНК“, е во критична состојба, вели неговата пријателка и колешка Ребека Јанковска-Ристевски.

Познатиот музичар е пренесен во Систина каде во текот на вчерашниот ден му беше стабилна состојбата, но во текот на ноќта се влошила.

Пејачката Ребека Јанковска-Ристевски се огласи на Инстаграм и апелираше до сите да се молиме за повредените во трагедијата.

реклама

Таа исто така соопшти дека Панчо е на апарати и дека состојбата му се влошила, иако докторите прават се за да го спасат.

Инстаграм

„Панчо мил, те молам не се предавај! Владимир е во Систина префрлен. Состојбата му е влошена, трахаета е оштетена. Вдиша многу топол дим. На апарати е“, напиша Ребека и замоли сите да се помолат за музичарот.

Марpкетинг

Инстаграм

Потсетуваме, групата ДНК настапуваше во дискотеката „Пулс“ во моментот кога се случи страшниот пожар и однесе 59 животи.

Седум членови од бендот се починати, а меѓу нив и Андреј Ѓорѓиески, вокалот на ДНК чие тело вчера беше идентификувано.

Инстаграм

На снимките што кружат на социјалните мрежи се гледа како гостите се веселат, додека покрај бината горат прскалките.

Инстаграм

Искрите што тие ги фрлаат во еден момент стигаат до плафонот и тој почнува да гори, по што настанува страшниот пожар.

Инстаграм

Моментот кога се запали кровот во клубот

Гостите и вработените во паника се обидуваат да го изгаснат огнот, додека другите се обидуваат да го напуштат клубот.

epp

Принтскрин/ Јутуб

Но во кобниот момент имало само една врата, така што многумина не успеале да стигнат до излезот и настрадале.

Најмалата жртва има само 14 години, а меѓу повредените се најмалку 150 лица кои најпрво беа префрлени во болниците во Кочани, Штип и Скопје, а потоа беа транспортирани во болниците во околните земји, Турција, Србија, Грција и Бугарија.

Повеќе информации наскоро…

epp2
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Oglas

Поврзано

New Ad
Back to top button