Овие лекови никако не смеат да се земаат заедно – последиците може да бидат фатални!
Одредени лекови никако не смеат да се комбинираат!

Откако медицинската сестра Клои Бурџес ненадејно почина од срцев удар предизвикан од кобна комбинација на лекови, во Велика Британија беше упатен апел до лекарите и фармацевтите да посветат многу повеќе внимание на опасните комбинации на медикаменти.
Инаку, Клои од 2019 година земала два антидепресиви, а проблемите започнале кога ѝ бил препишан лек за регулирање на неправилен срцев ритам.
За трагедијата да биде уште поголема, Клои и денес ќе беше жива доколку постоеше поголема одговорност кај лекарите, кои не ја предупредиле за можните несакани ефекти, како и за фактот дека одредени лекови никако не смеат да се комбинираат.

Наодите од патологот покажале дека првиот антидепресив (ТЦА) може да предизвика сериозни кардиоваскуларни проблеми и дека срцевите болни треба да го избегнуваат. Вториот антидепресив (ССРИ) пак, исто така може да доведе до неправилни отчукувања на срцето.
Утврдено е дека овие два антидепресиви, во смртоносна комбинација со лекот за синусна тахикардија што ѝ бил препишан на Клои, драстично го зголемиле нивото на ТЦА во крвта. Ова прво довело до апнеја – проблеми со дишењето за време на спиење, а потоа до срцева аритмија, која на крајот завршила со ненадеен срцев удар.

Колку е сериозна ситуацијата покажува и фактот дека сите британски здравствени институции биле алармирани. Целта на овој апел е да се подобри комуникацијата меѓу медицинските работници и повеќе да се зборува за потенцијалните негативни ефекти од комбинацијата на одредени лекови.
Ова особено се однесува на еден од најчесто користените лекови – ибупрофен, кој никако „не се согласува“ со ТЦА антидепресивите.
За жал, случајот на Клои Бурџес не е единствен. Имено, жена по име Тами Милвард исто така починала поради фатална комбинација на лекови. Таа фактички починала од труење со лекови, пренесува „Дејли мејл“..