Што е полошо шеќер или засладувач? Едниот го крева инсулинот до плафон и го забавува метаболизмот
И шеќерот и вештачките засладувачи предизвикуваат зависност, па многу важна е и количината.

Шеќерот, кој секојдневно се користи во домаќинството и често се додава во кафе, чаеви и разни јадења и слатки, е храна со исклучително малку есенцијални хранливи материи.
Од друга страна, вештачките засладувачи (од типот на стевија, сахарин и слично), се јаглехидрати составени од два моносахарида: глукоза и фруктоза.
Поради својот состав, сахаринот брзо се апсорбира во крвотокот, предизвикувајќи зголемување на нивото на гликоза, што може да претставува здравствен ризик за некои луѓе.
Нутриционистката Марија Мерино покрена дебата за разликите помеѓу шеќерот и засладувачите во видео на Тик ток.

Што е подобро?
Таа тврди дека луѓето треба да се одлучат за шеќер наместо за засладувачи поради начинот на кој се апсорбира.
– Ако сега изедам кекс, да, тоа е нездрав избор поради видот на брашното, шеќерот или мастите. Но, ништо не стигнува до микробиотите или до дебелото црево за да ферментира. Меѓутоа, засладувачите предизвикуваат ферментација; тие се полоши за вас – истакна нутриционистката Мерино.
Д-р Хорхе Фонтаналс пак, ѝ се спротивстави, тврдејќи дека шеќерот всушност може да биде поштетен бидејќи предизвикува нагли скокови на нивото на гликоза.
– Ќе имате зголемување на инсулинот и гликозата, што на крајот го забавува метаболизмот. Ќе имате помала метаболичка флексибилност во иднина – додаде тој.
Тој предложи дека, доколку луѓето сакаат да избегнат шеќер, подобро е да користат чиста стевија. И покрај разликите во ставовите, и двајцата здравствени експерти се согласија дека фокусот треба да биде на количината и зачестеноста на консумирање на вештачки засладувачи или шеќер.

Популарна заблуда
– Заклучивме дека редовната консумација на шеќер може да биде полоша од засладувачите, но и тие се многу штетни – нагласи нутриционистката.
Во меѓувреме, д-р Фонтаналс додаде:

– Ако постепено внесувате малку шеќер секој ден, тоа на крајот ќе доведе до зависност и нема да можете да престанете да го консумирате – било да е шеќер или засладувач. Ќе развиете зависност бидејќи храните одредени видови бактерии во цревата кои се навикнуваат на тоа. Тогаш ќе биде многу потешко да престанете.
Популарна заблуда е дека засладувачите директно го зголемуваат ризикот од рак. Британската организација Кансер рисрч (Cancer Research UK) пак, нагласува дека нема доволно докази што ги поврзуваат засладувачите со ракот.