И политичарите на концерт на Пласидо Доминго – Скопје блескаше, а светот гледаше! (Фото)
Концертот на легендарниот Пласидо Доминго вчеравечер донесе врвна уметничка магијата во срцето на Балканот, ја постави Македонија на светската уметничка мапа и беше момент кој нема да се заборави.

Пласидо Доминго приреди вечер за паметење во Скопје.

Во спектакуларна атмосфера, светски познатиот тенор и диригент Пласидо Доминго настапи во арената „Борис Трајковски“, оставајќи силен впечаток со својот моќен вокал и сценска енергија.
Со него настапија и извонредната италијанска сопранистка Марија Жозе Сири, под диригентската палка на маестро Марчело Рота.




Концертот беше исполнет со емоции, извонредни интерпретации на оперски арии и композиции од шпанската музичка традиција, а Доминго пееше на три јазика.
Публиката, во која беа присутни познати уметници и личности од јавниот и политичкиот свет, го поздрави со овации овој врвен музички настан.
И нашиот виртуозот Симон Трпчески внимателно и со задоволство го следеше концертот.
Меѓу политичарите пак, присутен беше и премиерот Мицковски, министерот за култура Зоран Љутков и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
Доминго, чие име е синоним за оперска уметност, со својата долга и блескава кариера останува меѓу најпочитуваните музички фигури на сите времиња. Македонската публика имаше ретка можност да ужива во неговата изведба, што претставува значаен момент за музичката сцена во земјата.