Денес го славиме заштитникот од неправди – една работа задолжително направете за благослов!
Свети Теодот се смета за заштитник на оние што се соочуваат со неправди, страдања и тешки искушенија. Тој е пример за издржливост и непоколеблива вера, па затоа се верува дека помага на луѓето кои поминуваат низ тешки животни периоди.

Свети свештеномаченик Теодот бил епископ кириниски на Кипар. Поради својата мудрост и доблести бил избран за епископ.
Кога започнало гонењето на христијаните во времето на царот Ликиниј, Теодот бил изведен пред суд и ставен на маки.
Кога мачителот Савин го советувал да се откаже од Христос и да им се поклони на незнабожечките идоли, Теодот, според преданието, му рекол:
„Кога би ја знаел добрината на мојот Бог, на кого се надевам, дека за овие краткотрајни маки ќе ме удостои со вечен живот, и ти би посакал да пострадаш за Него како јас.“
Неговите зборови уште повеќе ги налутиле незнабошците, па му заковaле клинци врз телото, а тој се молел на Бога со благодарност.
Во тоа време, царот Константин објавил слобода за христијаните и наредил да се ослободат сите што биле изведени пред суд поради Христос.
Тогаш и овој светител бил ослободен, закрепнал и се вратил на својата претходна положба. По враќањето живеел уште две години и се упокоил во 302 година.

Обичаи и верувања
Македонската православна црква го слави светителот на 15 март.
Ако ве мачат грижи и разни проблеми, денес задолжително направете некое добро дело, потрудете се да им помогнете на другите во чест и спомен на големиот светител на кого му е посветен овој ден.
Ќе видите дека веднаш ќе се почувствувате подобро.

Молитва до Свети Теодот
О, свети свештеномачениче Теодот, верен слуго на Бога и утехо на сите кои страдаат!
Со твојата голема љубов и издржливост, покажуваше дека вистинската сила лежи во верата и надежта во нашиот Спасител.
Те молиме, застапи се пред Господ за нас, укрепи ни ја верата и исполни ни ги срцата со љубов и милост.
Дај ни сила да ги носиме нашите искушенија и да останеме на правиот пат.
По твоите молитви, нека ни се дарува мир, здравје и духовна радост. Амин!