Огласи
CelebrityНега и здравје

„Го користев алкохолот како лек, бев изгубена“ – познатата глумица откри страшна вистина за борбата со менопаузата

Таа опиша како симптомите станале сериозни и дека се обидувала да ги контролира на начини кои не ѝ помагале.  „Мислам дека пиев секоја вечер", призна таа. „Го користев алкохолот како лек."

Познатата глумица веќе подолго време е симбол за здрав начин на живот, но често е и мета на критики поради своите објави на социјалните мрежи. Имено, многу луѓе ја доживуваат како некој чии цели се недостижни за просечна личност. Сега, познатата глумица и претприемачка, проговори за нешто со што се соочува секоја жена – менопаузата.

Во епизода на подкастот од својата компанија “Gup”, емитувана на 4. март, Гвинет Палтроу искрено говореше за симптомите преку кои поминувала и поминува.

принтскрин Инстаграм, Гвинет Палтроу

„Сега сум во самиот центар на тоа (на менопаузата), се чувствувам сосема изгубено”, рече глумицата, која сега има 52 години.

Реклама

Таа опиша како симптомите станале сериозни и дека се обидувала да ги контролира на начини кои не ѝ помагале.

„Мислам дека пиев секоја вечер”, призна таа. „Го користев алкохолот како лек.”

Иако претходно немала проблеми со анксиозност, уште на почетокот менопаузата почнала да ја чувствува интензивно.

Маркетинг

„Будењето со чувство на анксиозност беше нешто што никогаш претходно не ми се случувало. Легнував во кревет и размислував за сите грешки што ги направив, за секој кого го повредив. Бев будна и по шест часа. Беше лудо.” – открива Палтроу.

Гвинет успеала да ги стабилизира симптомите, но тие се влошиле по големите пожари во Лос Анџелес на почетокот на јануари.

Тогаш започнала повторно да користи алкохол „со намера” да се смири.  „Знаев дека со тоа се обидувам да се изборам со тоа што го чувствувам.” – искрена е глумицата, денес каејќи се за оваа непромислена постапка која сепак, не лекува.

Последиците од зголемена конзумација на алкохол брзо станале видливи кај Палтроу.

„Моите симптоми целосно излегоа од контрола. Тогаш првпат јасно ја видов директната врска помеѓу алкохолот и она низ што поминувам.”

Стручњаците ги потврдуваат нејзините искуства. Д-р Кејси Гејтер објасни дека алкохолот може значително да влијае на симптомите на менопаузата, но ефектите се разликуваат од жена до жена. Една од можните последици е интензивирање на топлинските „бранови“, бидејќи алкохолот ги шири крвните садови, што може да предизвика поинтензивни налети на топлина и непријатност.

Дополнително, алкохолот може сериозно да го наруши квалитетот на спиењето. Иако првично опушта и успива, често доведува до будење во текот на ноќта и до несоница, што е посебен проблем за жените во менопауза.

Покрај тоа, алкохолот предизвикува промени во расположението. Иако може да делува како привремено олеснување од стрес, прекумерната консумација може да доведе до зголемена анксиозност и депресија следниот ден.

Долгорочно гледано, може да има негативен ефект на густината на коските, што е особено ризично бидејќи жените во менопауза веќе се подложни на остеопороза. Друг чест проблем е зголемувањето на телесната тежина. Бидејќи алкохолот содржи многу калории, може да придонесе за дебелење, што веќе претставува предизвик кај жените во овој животен период поради хормонските промени.

Меѓутоа, тоа не значи дека единственото решение е целосно отстранување на алкохолот. „Умереноста е клучна”, вели д-р Гејтер насочувајќи дека умерено пиење е до најмногу 200 мл вино или 330 мл пиво (една чаша).

„Кај некои жени, умерената консумација можеби нема да има значајни негативни ефекти, додека кај други може да ги интензивира симптомите.” Ако имате какви било сомнежи, најдобро е да се консултирате со лекар и да најдете баланс што најмногу ви одговара.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button