Огласи
Нега и здравје

Ова уште полошо делува на пролетни алергии кај децата – доктор предупредува на три нешта

Сезоната на поленска треска е веќе во полн ек, а првиот бран на алергии веќе ги зафати децата, предизвикувајќи низа непријатни симптоми. Доктор Роџер Хендерсон предупредува дека една вообичаена детска навика може дополнително да ги влоши симптомите на поленската алергија, што ја прави сезоната уште потешка за најмладите. Погрижете се за вашите деца, со советите што докторот ги дава за ублажување на состојбата!

Сезоната на поленска треска е веќе во полн ек, а симптомите се препознатливи – често кивање, затнат нос, зацрвенети очи, нервоза, чешање – ова се само некои од симптомите кои можат да бидат многу непријатни особено за децата.

Но, тоа што е најлошо, многу деца не се свесни за тоа колку малите навики можат да ги влошат овие симптоми.

Експерот за пролетни алергии, д-р Роџер Хендерсон, објаснува како многу деца несвесно прават нешта кои ја влошуваат нивната алергија, а родителите треба да бидат внимателни и да се осигурат дека нивните деца се запознаени со правилните методи за ублажување на симптомите.

Реклама
фото-пекселс

Д-р Хендерсон: Како да ја спречите поленската алергија?

Д-р Хендерсон дава неколку клучни совети за родителите како да им помогнат на нивните деца да го издржат првиот бран на поленската грозница.

Еден од најважните совети е да се избегне честото триење на очите, што може да предизвика дополнителна иритација.

Ладните облоги кои се ставаат врз очите се едно од наједноставните и најефективни решенија.

Маркетинг

Три навики кои може да ја влошат состојбата

Триење на очите: Децата често ги тријат очите поради иритираност, што може да ја влоши состојбата. Ладните обоги помагаат да се намали црвенилото и чешањето.

Избегнување на паркови: Објаснете им на децата дека не треба да трчаат во паркови и да не се играат на отворени тревни површини во периоди на висока концентрација на полен (наутро). Наместо тоа, надокнадете им дружење со природата носејќи ги покрај езеро, или на планина над 1000 метри надморска височина.

Недостаток на редовно миење: Правилното миење на раце, но и на косата, по излегувањето надвор може значително да го намали внесувањето на полен во домот.

Родителите треба да внимаваат: Како да се заштитат децата?

Алергените можат да се внесат во домот и преку облеката, па д-р Хендерсон препорачува секојдневно миење на играчките, мебелот и чистење на воздухот со помош на прочистувачи.

Промената на облеката неколкупати во денот, а особено пред спиење е исто така клучен чекор во намалувањето на изложеноста на полен.

Концентрацијата на полен е највисока во утринските часови, обично помеѓу 5 и 10 часот. Во овој период, многу растенија, како што се дрвја и треви, ослободуваат полен во воздухот. За да се избегне полен, еве неколку совети за деца но и за возрасни:

Избегнувајте да излегувате рано наутро: Ако е можно, ограничете го времето на свеж воздух рано утрото, кога концентрацијата на полен е најголема.

Затворете ги прозорците: Држете ги прозорците затворени во текот на денот, особено во утринските часови, за да спречите полен да влезе во домот.

Избегнувајте да одите на отворени површини во ветровити денови: Ветерот може да пренесе големи количества полен, што ги прави отворените простори помалку поволни за оние што страдаат од алергии.

Д-р Хендерсон ги советува и возрасните кои се склони на пролетни алергии да избегнуваат излегување на отворено кога концентрацијата на полен е висока, а исто така да се тушираат по секој престој надвор, секако и да ја сменат облеката.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button