Прекрасно македонско старинско име кое носи среќа – тие се миленици на Бога и сè што прават во животот им оди од рака
Постојат повеќе теории за потеклото на ова име. Една од нив вели дека потекнува од грчкиот јазик, од зборот „басилиос“ што значи царски, кралски, владетелски, благороднички.

Момчињата, но и девојчињата, кои го носат ова традиционално име се предодредени за среќа и голем успех во животот.
Последните десетина години сè повеќе деца во Македонија го добиваат името Васил. Ова старо македонско име некогаш било многу популарно, но потоа го замениле помодерни машки имиња од западното поднебје.
Сепак, како што се менуваат трендовите во давањето имиња, така и Васил повторно се враќа на листата на омилени имиња што родителите им ги даваат на своите синови.
Постојат повеќе теории за потеклото на ова име. Една од нив вели дека Васил потекнува од грчкиот јазик, од зборот „басилиос“ што значи царски, кралски, владетелски, благороднички.
Според друга теорија, името може да биде поврзано со англискиот збор „basil“, што значи босилек – билка што симболизира чистота, сила и благосостојба а која изобилува во Македонија.
Во симболична смисла, Васил значи „тој што владее“, „тој што е роден за водач“, но и „тој што е здрав“ и „тој што зрачи и привлекува“.
Од друга страна, женската верзија на ова име – Василка денес е многу поретка, за жал, како и името Василица, како помодерна верзија, која во 60-те и 70-те години беше попопуларно не само во Македонија, туку и во другите земји од регионот.
И двете женски верзии имаат значење „онаа што е родена да владее“, „онаа што е родена да биде кралица“ и „онаа што ја чека голема чест во животот“.
Ако познавате некој Васил, Василка или Василица, споделете ја оваа приказна со нив и нека ја дознаат убавината на своето име!
Претходно, гламур.мк пишуваше за преубави старински женски имиња кои некогаш ги красеа Македонките, а сега се речиси заборавени.
Во времето на нашите баби и дедовци, имињата имаа силна симболика и значење. Секое име носеше порака, желба или верување кое семејствата го пренесуваа на своите деца.
Денес, многу од овие традиционални имиња речиси исчезнаа, заменети со модерни варијанти или меѓународни трендови како Миа, Сара, Леа… Додека овие имиња доминираат во последните години, старите македонски и балкански имиња сè помалку се среќаваат.
Кои се тие прекрасни имиња кои треба да им ги вратиме на нашите девојченца, прочитајте во текстот – ТУКА.