Со години ја немаше на сцената, помина низ пекол, но сега повторно се врати – Соња со ова сите ги изненади
Пејачката Соња Тарчуловска во ново руво

Познатата македонска фолк-пејачка Соња Тарчуловска (46) по долги години реши повторно да се врати на музичката сцена.
Таа преработи една од своите стари песни, но со побрз и помодерен ритам, а ја најави и својата нова песна.
Станува збор за песната „Во бело“ за која сега Тарчуловска сними и модерен спот, а привлече внимание и со своите провокативни изданија.
Инстаграм/ Соња Тарчуловска
Она што сите го забележаа е дека Соња о спотот изгледа речиси исто како и на почетокот од својата кариера, како воопшто да не се променила. Таа и по три бремености има ист број килограми и изгледа речиси идентично, па и во петтата деценија изгледа беспрекорно и плени со својот безвременски шарм каде и да се појави.
Потсетуваме, Тарчуловска својата кариера ја започна во 1994 година, кога имаше само 15 години, а нејзиното прво ЦД беше насловено како „Весела девојка“. Пејачката е во брак со Јохан Тарчуловски, со кого поминаа низ пекол (види тука), а круна на нивната љубов се нивните три деца – ќерката Мелани, синот Младен и најмалата Јоана.
Инстаграм/ Соња Тарчуловска
Песната „Во бело“ е мојот животен јубилеј
„Јас успехот го градев и обезбедив со многу песни кои што до ден денес се пеат и слушаат, но една од нив е навистина безвременска. Песната ‘Во бело’ е мојот животен јубилеј“, откри Соња во една пригода за Гламур магазин додавајќи дека токму оваа песна и донела поголем финансиски успех во нејзината музичка кариера и со неа започнале и нејзините настапи во САД и Австралија.
Инстаграм/ Фејсбук Тарчуловска
„Подоцна напишав и отпеав многу песни но ‘Во бело’ живее до ден денес и е мое милениче како енергетски магнет кој се пренесува од генерација до генерација“, изјави Соња тогаш за Гламур магазин.
Фотографија од промоцијата
Целото интервју со неа прочитајте го тука…