Беше во брак со Ромео, го роди синот Пако, па се врати во Македонија – бурниот љубовен живот на Калиопи
Пејачката искрено за синот и нејзиниот поранешен сопруг

Емотивниот живот на пејачката отсекогаш привлекувал внимание…
Пејачката Калиопи Букле зад себе има два брак, а од првиот го има синот Пако кој речиси воопшто не се експонира во медиумите.
Станува збор за бракот со композиторот и текстописецот Ромео Грил со кого пејачката и денес соработува.
Калиопи и Ромео кога беа на врвот од својата слава заминаа во Швајцарија каде пејачката десетина години живееше потполно анонимен живот, далеку од рефлекторите и музичката сцена. Таа таму неколку годни предаваше музичко во средно училиште, а по разводот решава да се врати во Македонија и да продолжи со музиката.
Принтскрин/ Инстаграм, Калиопи
Нејзиниот син Пако останува да живее во Швајцарија со неговиот татко, а Калиопи неколку години по враќање во Македонија по втор пат во животот ќе застане на лудиот камен.
Принтскрин/ Инстаграм, Калиопи
Таа тогаш се омажи за 13 години помладиот актер Васил Зафирчев, а по седум годни тие ќе се разделат, тивко и без медиумска помпа.
Што се однесува до односот со нејзиниот поранешен сопруг, Ромео, со кого пејачката и денес соработува, Калиопи во една пригода за Гламур ќе открие каков е нејзиниот поранешен сопруг денес.
Принтскрин/ Инстаграм, Калиопи
„Во суштина тој е непроменлив, но она што е сменето се некои негови навики, однесување… Имам чувство дека е помек, потрпелив… Позабавен! (смеење) Но веројатно и моите лични промени довеле до тоа, заедно да растеме одново во тој наш свет на споделување. Особини кои најмногу ги почитувам кај него се – доследноста, мудроста, човечноста и професионалноста“, изјави тогаш Калиопи, а потоа го додаде и следново за нивниот син Пако.
Принтскрин/ Инстаграм, Калиопи
„Пако е нашиот најголем извор на инспирација и доживотно огледало на она што сме“, откри тогаш Калиопи во интервјуто за Гламур.
Целото интервју со Калиопи прочитајте го тука…