Кората од банана може да реши голем проблем што мачи многу луѓе – звучи шашаво ама делува
Ако и вие страдате од чести главоболки, вреди да го пробате овој трик. Ако ништо друго, ова е целосно природен метод кој не може да ви наштети.

Некогаш вистинските решенија доаѓаат токму од сосетката.
Нема човек што барем еднаш не почувствувал главоболка. Причините можат да бидат најразлични – промена на времето, пад или пораст на притисокот, недоволен или лош сон… Сите што страдаат од чести главоболки знаат колку е тоа неподносливо, особено кога болката станува толку силна што ниту лековите не помагаат.
Една жена пронашла невообичаено, но ефикасно решение за оваа непријатна состојба. Како што раскажала, некогаш, како и повеќето луѓе, корите од банана ги фрлала во ѓубре, сè додека од нејзината сосетка не дознала дека можат да бидат искористени на сосема неочекуван начин – за ублажување на главоболката.
„Нема ништо полошо од тоа да се разбудите наутро со силна главоболка. Испив таблетa, но не помогна многу, само дополнително ми го иритираше желудникот. И тогаш ми текна на спасоносното решение што го слушнав од сосетката,“ раскажува жената.
Како да ја користите кората од банана за главоболка?
Откако почувствувала силна пулсирачка болка во главата, одлучила да проба сè само за да ја ублажи или целосно да ја елиминира болката.
„По совет на сосетката, ја ставив кората од банана во фрижидер и ја оставив да се излади околу 20 минути. Потоа легнав во кревет, се сместив удобно и ја ставив ладната кора на челото. Веднаш почувствував како пулсирањето во главата почнува да се намалува и да попушта.
Студената кора од банана ми годеше и по кратко време главоболката целосно исчезна. Не можев да поверувам дека навистина функционира! Од тогаш, секогаш кога ќе ме заболи главата, користам кора од банана. Не ми се верува дека на толку едноставен начин решив проблем што ме мачеше со години,“ раскажува таа.
Ако и вие страдате од чести главоболки, вреди да го пробате овој трик. Ако ништо друго, ова е целосно природен метод кој не може да ви наштети.