Реклама
Наши ѕвезди

Преубав букет, Анета мораше да се пофали – пејачката во романтично издание, блеска од среќа и љубов

Нашата позната пејачка се израдува од раскошниот подарок, па реши да го сними и да се пофали...

Реклама

Таа претходно го покажа и преубавиот подарок што го доби од своите колеги, кои исто така ја изненадија, па им се заблагодари…

Нашата позната фолк-пејачка Анета Љумаковска (40) откако се разведе од Џими Мицевски не открива детали од нејзиниот емотивен живот. Но затоа таа во последно време е поприлично активна на социјалните мрежи каде од ден во ден станува се поголем бројот на луѓето што ги следат нејзините интересни објави.

Па така Анета деновиве сподели неколку снимки од нејзиниот настап во Виена заедно со момците од „Дакапо бенд“.

Маркетинг

Инстаграм/ Анета Љумаковска

Имено, Анета за празникот на жените 8. Март настапи во овој европски град каде направи одлична атмосфера.

Маркетинг

И бидејќи беше Денот на жената, таа потоа сподели и снимка на која се гледа прекрасен букет, но не откри од кого го добила.

Инстаграм/ Анета Љумаковска

Таа претходно го покажа и преубавиот подарок што го доби од своите колеги, кои исто така ја изненадија, па на сите им се заблагодари.

Инстаграм/ Анета Љумаковска

Потсетуваме, Анета по разводот од својот поранешен сопруг со кого долги години заедно настапуваа и во групата „Молика“, најпрво продолжи соло со својата музичка кариера, а пред неколку месеци започна соработка и со момците од групата „Дакапо бенд“.

Тие заедно во изминативе неколку месеци имаа бројни настапи како во Македонија, така и во дијаспората, а во една пригода за Гламур магазин, Анета најави нови песни и нови проекти со нив.

Инстаграм/ Анета Љумаковска

„Искрено се надевам дека ќе направиме многу и дека нашата публика ќе биде задоволна и ќе има што да слушни и да види“, откри тогаш познатата пејачка за Гламур магазин.

Како Анета изгледаше на нивниот заеднички настап кога на Македонците што живеат и работат во Виена им приредија одлична забава, погледнете од фотографиите во продолжение…

Инстаграм/ Анета Љумаковска

Инстаграм/ Анета Љумаковска

Инстаграм/ Анета Љумаковска

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button