Еве зошто сите зборуваат за овие двајца пејачи од Македонија – на едниот од нив му треба помош!
Жирито во „Гранд“ на најтешки маки досега

И двајцата ги воодушевија сите
Во новата емисија од „Никогаш не е доцна“, двајца Македонци настапија во дуел и никого не оставија рамнодушен.
Станува збор за едни од најдобрите вокали во овогодишниот натпревар – Кире Науновски од Свети Николе и Тони Тушев од Тетово
Тие и двајцата речиси цел живот се занимаваат со музика, а на своите претходни настапи во шоуто беа исто така брилијантни.
Принтскрин/ Јутуб, Никогаш не е доцна
Кире се престави со песна од Маринко Роквиќ, изведба која посебно ѝ се допадна на пејачката Милица Тодоровиќ.
„Така е Кире, така се пее, тоа е Македонија“, викаше воодушевено таа, а Маре само додаде дека ова е прекрасно сеќавање на Роквиќ.
Принтскрин/ Јутуб, Никогаш не е доцна
Но и покрај генијалната интерпретација на Кире, тоа воопшто не влијаеше на Тони кој исто така беше одличен на сцената.
Принтскрин/ Јутуб, Никогаш не е доцна
Тој со песната „Море сокол пие“ ја воодушеви Милица, а начинот на кој ја изведе оваа традиционална песна никого не остави рамнодушен.
Принтскрин/ Јутуб, Никогаш не е доцна
„Ау, ама ќе му биде тешко на жирито вечерва, коментираше Драгана Катиќ, а потоа Милица прва го коментираше настапот на Тони.
Принтскрин/ Јутуб, Никогаш не е доцна
„Мене ми се присторува дека имате таков вокал што воопшто не ви е потребно озвучување, вашата боја грми, онака е дебела и мрсна, тоа се излегува фино како што треба, но вашата насмевка ми се допаѓа најмногу“, изговори таа, а потоа се огласи и претседателот на жирито.
„Некако и двајцата бевте во своите најдобри изданија и со тоа докажавте дека Македонија има огромен број добри пејачи на така мал број жители. Секоја чест, ќе га имаме најтешката задача вечерва“, изјави Маре.
Принтскрин/ Јутуб, Никогаш не е доцна
И навистина до самиот крај беше неизвесно, кога Бане оркестарот и публиката гласаа за Кире, додека Милица и Маре го наградија Тони.
Со ова Кире помина во следниот круг, додека Тони замина во бараж каде заедно со уште двајца кандидати преку Фејсбук гласање се бори да помине во следниот круг. Па така доколку сакате да му помогнете на пејачот од Македонија да продолжи со натпреварот и да помине во следниот круг, гласајте за него на линкот тука.
Принтскрин/ Јутуб, Никогаш не е доцна
Гласањето трае до вторник на полноќ, па само од вашите гласови зависи кој ќе ја добие шансата повторно да се појави на сцената.