Зошто Саша Поповиќ се лекуваше во болницата во Париз – еве колку чини само еден третман
Како водечки Центар за лекување рак во Европа, лекарите се бават и со истражувачка работа во оваа област, обидувајќи се да им обезбедат на своите пациенти најдобра можна помош и третман. Истовремено, се специјализирани за лекување ретки и сложени видови рак, каков што имал и Поповиќ.

Саша Поповиќ (70) почина на 1 март во онколошкиот институт „Густав Руси“ во Вилзиф, болница лоцирана во предградието на Париз. За жал, не успеа да ја победи болеста, бидејќи ракот му бил дијагностициран во напредна фаза, кога ни најсовремените методи на лекување не можат да помогнат на пациентот.
Кога дознал дека е тешко болен, поранешниот директор на „Гранд“ и неговото семејство донеле одлука да се обидат со лекување во странство. Онколошкиот институт „Густав Руси“ во предградието на Париз не бил избран случајно. Станува збор за една од четирите најдобри клиники во светот каде се лекуваат пациенти со сите видови рак, без разлика на возраста, од деца до возрасни.
Како водечки Центар за лекување рак во Европа, лекарите се бават и со истражувачка работа во оваа област, обидувајќи се да им обезбедат на своите пациенти најдобра можна помош и третман. Истовремено, се специјализирани за лекување ретки и сложени видови рак, каков што имал и Поповиќ.
Како што пишува на официјалната веб-страница на самиот Институт, тие имаат 4.000 вработени, од кои 600 се врвни лекари и онколози, специјализирани за најразлични типови рак.
За пациентите се грижат 1.230 членови на медицинскиот персонал, додека во рамките на Институтот постои истражувачки центар во кој работат 1.400 членови на истражувачки персонал, кои се занимаваат со иновации во областа на лекувањето и третман и за најтешките пациенти.
Покрај вообичаените методи на лечење кои се применуваат низ целиот свет, како што се операции, хемотерапија, радиотерапија… во Институтот користат иновативни методи како резултат на истражувањата и клиничката пракса. Тие имаат персонализиран пристап кон секој пациент, со користење на најсовремени методи во лекувањето на рак. Годишно, во овој Институт се лекуваат околу 11.000 пациенти од целиот свет, додека уште 130.000 луѓе доаѓаат на консултации и клинички прегледи.
Нема сомнение дека лекувањето во овој Институт е исклучително скапо, но кога пациентот е во ситуација да се бори за живот, како што беше случај со Поповиќ, никој не размислува за пари.
Иако не е познато колку чини болнички ден во овој Институт, на некои француски веб-страници може да се најде податок дека третманот со хемотерапија во оваа земја, на кој веројатно бил подложен и Саша, чини 2.900 евра по терапија.
Онколошкиот институт „Густав Руси“ има висок процент на преживување на онколошки пациенти, што веројатно била една од причините зошто Поповиќ и неговото семејство го избраа токму овој здравствен институт во Франција.
Да потсетиме, Саша Поповиќ на крајот на мај минатата година падна од скали и си ја повреди ногата, а бидејќи коската не се заздравувала во вообичаениот рок од три до четири недели, лекарите започнаа со анализи и беше откриено дека има рак во напредна фаза на болеста, кој веќе метастазирал на други органи и на коските. Во таква фаза на болеста, процентот на преживување на пациентот е исклучително низок, а Поповиќ подлегна на опасната болест не помалку од една година откако му беше дијагностицирана.