Реклама
Вести

„Каков пост е тоа ако изедете два килограма посна храна?“ – еве што мислат отците ако случајно се омрсите за време на постот

Суштината е во воздржаноста, без разлика дали храната е посна или мрсна, не треба да се прејадувате ни со посна храна“.

Реклама

Во тек е Велигденски пост, кој ќе трае сѐ до 20 април, кога православната црква и нејзините верници ќе го одбележат најголемиот христијански празник – Воскресение Христово. Иако постот е пракса која е присутна долго време кај нашиот народ, сепак, околу него сѐ уште постојат многу недоумици.

Постот трае речиси 7 недели, поточно вкупно 48 дена, што за некои претставува долг период и голем предизвик, па често некои верници се одлучуваат да постат само првата и/или последната седмица од Велигденскиот пост.

Каков е ставот на свештениците? 

Маркетинг

„Постот е пат, значи од почетокот на постот до празникот, до Велигден. Некои луѓе гледаат на постот како на нешто тешко. Не е лесно, но прашање е на вежба. Ако сте подолго во верата и ги практикувате сите пости, тогаш оди полесно. Уверен сум дека оние што постат само во првата недела, им е многу потешко овие 5-6 дена отколку на оние кои пост сите денови за време на постот“, открива отец Радослав.

На прашањето што ако случајно се омрсиме, отец Радослав вели дека „случајноста е само случајност“ и дека треба да се продолжи понатаму со постот.

Маркетинг

„Тоа е само еден определен вид на храна што се јаде во еден период. Знаеме каде не води, каде одиме, што не учи овој пост. Погрешни се претпоставките за постот, луѓето мислат дека тоа е невозможно. Како да бидеш без мрсна храна 7 недели? Секако дека е сѐ можно, само треба добра волја. Секогаш има малку криза, обично некаде на средината на постот, а понекогаш воопшто нема криза.

Доаѓањето на желба за парче сирење или некое залче мрсна храна е само опомена да не подлегнеме на тоа искушение, а искушенијата можат да бидат многу потешки и поголеми од тоа дали ќе се омрсиме во деновите кога е пост“, објаснува отецот и истакнува дека постот со одреден дозволен вид на храна е само „средство“ кое ни помага да станеме посилни и да се избориме со поголеми искушенија, а вистинската суштина е – воздржаност, не само во јадење, туку и во животот, особено кога станува збор за лоши мисли и дела.

„Суштината е во воздржаноста, без разлика дали храната е посна или мрсна, не треба да се прејадувате ни со посна храна. Каков е тој пост ако изедете 2 килограма посна храна? Колку пати се случува човек да јаде и знае дека е сит, а продолжува да јаде по инерција… Тоа е погрешно. Како што треба да се воздржуваме од прејадување, така е и суштината на постот – воздржување од лоши мисли и дела, смирување на страстите и желбите кои немаат врска со храната“, советува отец Радослав.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button