Изговорете ја оваа молитва денес и желбата ќе ви се исполни – го славиме заштитникот на праведните и угнетените
Св. Тарасиј се смета за заштитник на правдата и праведните луѓе – бескомпромисно се борел против неправдата, дури и кога тоа значело да му се спротивстави на самиот цар.

Св. Тарасиј, патријарх Цариградски, е една од значајните фигури во православната црковна историја. Тој бил мудар водач, голем борец за вистинската вера и заштитник на сиромашните, вдовиците и сираците. Неговата праведност и пожртвуваност го направија симбол на борбата за правда и вистина.
На што е заштитник Св. Тарасиј?
Св. Тарасиј се смета за заштитник на правдата и праведните луѓе – бескомпромисно се борел против неправдата, дури и кога тоа значело да му се спротивстави на самиот цар.
Тој е заштитник и на сиромашните, вдовиците и сираците – секогаш помагал на оние во неволја, давајќи им засолниште, храна и грижа, но се смета и за заштитник на учениците, учителите и мудроста б лагодарение на неговата писменост и образованост, се залагал за ширење на знаењето.
Што треба да се прави на овој ден?
Да се помолите за правда и мудрост.
Да направите добро дело – да помогнете на некој сиромашен, болен или оној што е во неволја.
Да го посветите денот на читање и учење, како симбол на мудроста на Св. Тарасиј.
Што не треба да се прави на овој ден?
Не треба да се зборува лошо за другите – Св. Тарасиј бил против неправедните обвинувања.
Не се препорачува започнување на големи и ризични работи – се верува дека денот треба да биде посветен на размислување, а не на брзи одлуки.
Не треба да се започнуваат расправии или да се создаваат конфликти – денот е за мир и молитва.
Молитва кон Св. Тарасиј
О, свети и праведен Тарасиј, чувару на вистината и милосрдието, ти што се бореше против неправдата и го штитеше праведниот народ, моли се за нас грешните.
Помогни ни да најдеме мудрост и сила да ги совладаме искушенијата на овој свет.
Дај ни мир во срцата, правда во животот и љубов кон ближните.
По твоите молитви, нека ни биде дадено спасение и благослов. Амин.