Реклама
Нега и здравје

„Докторот за спиење“ тврди дека со овој трик ќе заспиете за 60 секунди

Ако често се борите со несоница, не мора веднаш да посегнете по лекови. Применувањето на природни техники како 4-7-8 дишењето, методот на војската или контролата на температурата на собата може значително да ви помогне да заспиете побрзо и да се разбудите одморени. Тестирајте ги овие методи и најдете го оној што најмногу ви одговара!

Реклама

Кога ви е потребен квалитетен сон, но имате проблем да заспиете, можете да испробате неколку едноставни трикови што ги препорачуваат експертите.

Еден од најефикасните е техниката 4-7-8, која ја препорачуваат повеќе стручњаци.

Техниката 4-7-8 – моќен метод за брзо заспивање

Нема ништо полошо од тоа да легнете во кревет со надеж дека ќе се наспиете, а потоа да сфатите дека не можете да заспиете. За среќа, постои техника што може да ви помогне да заспиете побрзо. Делува толку брзо што може да ви помогне да заспиете за 60 секунди.

Маркетинг

Овој едноставен совет за дишење го поддржуваат многу експерти, вклучително и „докторот за спиење“, Мајкл Бруз.

Д-р Бруз вели дека оваа техника е ефикасна за забавување на срцевите отчукувања пред спиење.

Маркетинг

„Едно од најчестите прашања што ми ги поставуваат е: ‘Како можам да го намалам бројот на срцеви отчукувања пред спиење или во текот на ноќта?’ Мојата омилена техника се нарекува дишење 4-7-8“, вели Бруз.

„Полека вдишувате броејќи до четири, го задржувате здивот и броите до седум, а потоа полека издишувате броејќи до осум. Науката зад ова е навистина интересна – всушност, со тоа го исфрлате вишокот јаглерод диоксид, што значи дека срцето треба побавно да работи и бројот на срцеви отчукувања се намалува“, објаснува тој.

Оваа техника која делува брзо се базира на древна јога техника, а ја популаризирал д-р Ендру Вајл, експерт за интегративна медицина. Д-р Вајл препорачува оваа вежба да се повторува двапати дневно, но никогаш да не се прават повеќе од четири циклуси на дишење во текот на првиот месец. Откако ќе се почувствувате подготвени за напредок, можете да преминете на максимум осум циклуси.

Други техники за подобар сон

Покрај техниката 4-7-8, постојат и други ефикасни трикови што можат да ви помогнат да заспиете побрзо и да имате поквалитетен сон.

„Метод на војска“

Овој метод го користат војниците за да можат да заспијат за само две минути, без разлика на условите. Процесот вклучува:

Опуштање на мускулите, почнувајќи од лицето, потоа рацете, градниот кош и нозете.

Фокусирање на дишењето и избегнување непотребни мисли.

Визуализирање на мирна сцена, како на пример, плима што доаѓа, или темна соба со нежно осветлување.
Ако не заспиете набрзо, повторувајте си во мислите „не размислувај, не размислувај“ неколку пати, советува докторот за брзо заспивање.

Применување на „обратна психологија“

Колку повеќе се обидувате да заспиете, толку потешко станува. Затоа, експертите советуваат да примените обратна психологија – обидете се свесно да останете будни. Истражувањата покажуваат дека луѓето што се обидуваат да останат будни, без напрегање, всушност заспиваат побрзо.

Контрола на температурата во собата

Идеалната температура за спиење е помеѓу 16-20°C. Ако ви е премногу топло или ладно, тоа може да го наруши вашиот ритам на спиење. Обидете се да ја прилагодите температурата, користете полесна или потопла постелнина, зависно од потребите.

Исклучување на електронските уреди

Сината светлина што ја емитуваат телефонот, таблетот и телевизорот го потиснува лачењето на мелатонин – хормонот што е задолжен за спиење. Обидете се да ги исклучите електронските уреди барем 30-60 минути пред да легнете.

Билни чаеви

Некои билки како камилица, валеријана и лаванда имаат смирувачко дејство и можат да ви помогнат да заспиете побрзо. Шолја топол чај без кофеин пред спиење може да направи голема разлика.

Ослободување од стрес преку пишување

Ако умот ви е преоптоварен со мисли, пробајте да ги запишете на лист хартија пред спиење. Истражувањата покажуваат дека запишувањето на вашите грижи или планови за наредниот ден може да го намали нивото на стрес и да помогне побрзо да заспиете.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button