Реклама
LIFESTYLENEWSБизнисБлог

Женска еуфорија – Еден цвет симболично или скап подарок за 8 Март?

Реклама

За два дена е 8 март – Меѓународен ден на жената. Овој ден кој значи револуција за женските права, рамноправност и еднаквост низ годините прераснува во ден на кој мажите симболично им подаруваат цвет на жените, за денес овој ден да стане „панаѓур“! Гужви по продавниците, лажни попусти, нов голем трошок кој удира по џебот, далечни патувања, бањи, прослави во кафеани со нескромни порции…

Како стигнавме до тој момент жена на жена да ѝ дава подарок?

Во последните години смислата на овој ден се трансформираше во една парада на подароци, хаотично жените деновиве хараат по продавници со цел да стасаат да купат за сите. Не ретко жените се ставаат во сериозен трошок со купување на скапи подароци, списокот на жени во поблиското опкружување расте, а со тоа буџетот за овој ден се зголемува. Да не зборуваме каков товар за родителите е купувањето подароци за наставнички, професорки. Дали само на калсната или другите наставнички ќе се навредат?!

Маркетинг

Срамота е да подариш нешто евтино, срамота е да не подариш, а пријателката, колешката, соседката ти подарила лани.

Маркетинг

 

И да не бидеме сфатени погрешно, не дека има лошо во тоа да си подаруваме, но ова почнува да ги поминува границите и да ја разводнува суштината и значењето на овој ден.

фото: Гламур

Симболичен подарок стана дискутабилна работа. На осмомартовскиот базар кој се наоѓа во ГТЦ поразговаравме со неколку жени за тоа колку пари трошат за подароци за 8 Март.

– Одвојувам од 500 -1000 денари за подароците на жените во моето опкружување. Стана се скапо, па најчесто купувам цвеќе во саксија или козметика. Купувам за вкупно 6 жени, две другарки, колешка и три жени од семејството. од прилика трошам околу 5000 денари – вели една скопјанка.

Овој базар кој се наоѓа на првиот кат во Гратксиот трговски центар топло ви го препорачуваме. Можете да најдете се и сешто за подароци. Од уметнички слики, накит, цвеќиња, модни додатоци, до прекрасни рачни изработки. Цените се дижат од 200 денари па нагоре.

фото: Гламур

– Јас оваа година купив 10 подароци за 10 жени, 4 од нив се повозрасни, најчесто купувам марами или собни папучи за нив, а за помладите купувам паричник, пижами, облека или цвеќе. Оваа година потрошив околу 7000 денари за поклоните – вели една госпоѓа.

фото: Гламур

Едно младо девојче ни одговори сосема поинаку.

– Јас купувам за сите само цвеќиња, па нели тоа е симболот за 8 март?!

И да, цветот е или беше симболот за 8 март?!

фото: Гламур

Се поставува прашањето каде скршневме и дали полека забораваме што всушност славиме на овој ден, дали успеавме да се избориме за своите права или наместо да смислиме што да купуваме, треба да ја продолжиме мисијата на Клара Цеткин?

Замислете си овие жени пред 100 години наместо да излегле да се борат за подобри услови, за рамноправност, наместо да се труделе да ја истакнат жената која може да работи рамо до рамо со мажот, умее да врши интелектуални функции, да биде дел од политиката и да носи важни одлуки, да биде еднаква, замислете наместо целата таа борба тие да си купувале подароци и при тоа да се срамеле дали ќе биде прикладно тоа што го подаруваат, денес немаше да бидеме до овде.

фото: Гламур
фото: Гламур

Тажната слика на овој среќен ден е во тоа што ќе се сетиме дека се уште во нашето општество има жени кои не ги уживаат современите права на понежниот пол, сè уште има жени што се потчинети, сè уште жените се помалку застапени во политиката,  сè уште жените се помал процент на раководни функции.

Среќен 8 Март!

фото: Гламур
фото: Гламур

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button