Реклама
Новости

Поради овој виц за Тито, млада новинарка завршила на Голи Оток – морала да признае дека е „виновна“

Во пет различни затвори поминала две и пол години, од април 1949 до октомври 1951 година. Во текот на тие години, властите ѝ барале да го промени мислењето и да признае дека е виновна.

Реклама

Во поранешна Југославија, зборувањето против режимот можеше да заврши со прогон, а понекогаш и со долгогодишен затвор. Атмосферата на страв и самоцензура најдобро ја опиша групата „Забрането пушење“ со стихот: „Драгане, молчи, скрати си го јазикот, можат да те слушнат“. Еден од најшокантните примери за ова е судбината на новинарката Жена Лебл, која заврши на Голи Оток поради виц за Јосип Броз Тито.

Тито како божество и забранетиот хумор

Во тие години, Тито беше величан како национален херој и водач, а неговото име се славеше во поезија и песни. Меѓу најпознатите беше песната „Друже Тито, љубичице бела, тебе те сака младината цела“.

Маркетинг

Но, токму оваа песна беше поводот за трагичната судбина на младата новинарка Жена Лебл. Како 22-годишна, таа работела во белградскиот весник „Политика“, каде еден ден, наивно, во редакцијата раскажала виц кој го слушнала од колега.

„Југославија победила на меѓународен натпревар за цвеќиња, затоа што успеала да одгледа љубичица бела тешка 100 килограми“, се зборувало во вицот, алудирајќи на популарната песна посветена на Тито.

Маркетинг

Неколку дена подоцна, во редакцијата дошле агенти на тајната полиција Удба и ја привеле новинарката.

Од редакција до Голи Оток

„Обвинението беше јасно – зборувала против Тито и не пријавила народен непријател кој ѝ го раскажал вицот“, пишува „Политика“ во текст објавен во 2013 година.

Лебл прво била одведена во озлогласениот затвор Главњача, а потоа во неколку казнени логори, меѓу кои Рамски Рит, Забел, островот Гргур и на крај – Голи Оток.

Во пет различни затвори поминала две и пол години, од април 1949 до октомври 1951 година. Во текот на тие години, властите ѝ барале да го промени мислењето и да признае дека е виновна. Како резултат на тоа, била исклучена од Здружението на новинари.

Пеколот на Голи Оток

Децении подоцна, Жена Лебл го опишала своето искуство во книгата „Љубичица бела“, која во Израел станала бестселер.

„Само жедните знаат да ја ценат водата. Бевме опкружени со море, а жедни до лудило. Каменот има свои жили и треба да знаеш каде да го скршиш. Вадевме темели на карпи што биле таму со векови, ја менувавме природата“, пишува Лебл во книгата.

Таа сведочи дека младите девојки во логорот биле претворени во старици – им паѓале забите, се разболувале, додека од дома им стигнувале вести дека нивните семејства се откажале од нив.

„Децата, мајките, мажите… сите не отфрлија затоа што станавме народни непријатели“, раскажала Лебл.

Непознатото лице на репресијата

Приказната за Жена Лебл е еден од многуте примери за цензурата и репресијата во Југославија. Додека Тито беше обожуван, секој обид за критика или шега на негова сметка можеше да заврши со години затвор, прогон и отфрлање од општеството.

Денес, нејзината книга останува сведоштво за времето кога дури и еден обичен виц можеше да биде причина за губење на слободата.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button