Гледачите се прашуваат што се случува со водителката од телевизија Алфа – промена што сите ги изненади
Турунџиева никогаш поубава

Познатата водителка ги изненади сите со ова свое издание…
Нашата позата водителка, пејачка и писателка, Сузана Турунџиева, често знае да ги изненади сите со своите објави на Инстаграм.
Но Сузана тоа овој пат го направи покажувајќи ја својата нова фризура со која никого не остави рамнодушен.
Имено, Турунџиева најчесто ја гледаме во елегантни изданија и не важи за дама кој сака премногу да експериментира кога е имиџот во прашање, но очигледно тоа не важи и за нејзините фризури.
Инстаграм/ Сузана Турунџиева
Имено, таа покажа дека изгледа одлично и со виткана коса, но и колку една фризура може да го промени целиот изглед.
Инстаграм/ Сузана Турунџиева
Таа деновиве повторно се прошета со својата „афро“ фризурка, а ова нејзино издание и овој пат никого не остави рамнодушен.
Посебно што Сузе со оваа фризура изгледа минимум 10-20 години помладо, па сите и порачаа дека изгледа феноменално.
Инстаграм/ Сузана Турунџиева
„Прекрасна жена, мајка со чисто срце сте вие Сузе. Те сакаме мојата фамилија“, беше само еден од бројните коментари што водителка од телевизија Алфа ги доби под оваа фотографија на социјалните мрежи.
Инстаграм/ Сузана Турунџиева
Инаку, интересен е и коментарот што таа го напиша под ова свое издание, кој исто така привлече големо внимание.
„Низ годините научив многу работи, усвоив многу лекции, но едно нешто не успеав да научам: да дозирам. Ни љубов, ни лутина, ни доверба…“
Инстаграм/ Сузана Турунџиева
„И секогаш го давав максимумот… Безрезервно, стопроцентно, иако еден дел од мене секогаш знаеше дека таквото великодушно давање и верување (на лепе очи) скапо ќе ме чини… И во љубовта и во пријателството“, пишува Сузе во својата објава, па го додаде и следново:
„А што да правам кога не умеам да давам: третина прегратка, половина доверба, четвртина насмевка или пак осмина љубов?! Јас давам се од себе СЕКОГАШ! И многупати страдам поради тоа… И ме боли… И поминува… И знам дека се што правам е со причина и се што ми се случило било вредно за да го искусам…. И болката… И исцелувањето… Затоа давам СЕ или НЕ…“, заклучува водителката на крајот од оваа своја порака на Инстаграм (види тука).