Нема да ви се верува, ама ова е нашата Сузе Национале – пејачката во провокативно издание од 90-тите
Беше и остана една од нашите најдобри пејачки

Кога се појави на сцената беше вистинско изненадување…
На еден Инстаграм профил кој објавува видеа од минатото на нашите јавни личности се најде и една снимка од познатата пејачка.
Станува збор за снимка направена во 90-тите, кога оваа наша пејачка била на самиот почеток од нејзината кариера.
Облечена во тесен розов фустан го изведува својот легендарен хит кој се поврзува со нејзините почетоци, а кој се вика „Марко, Марко“.
Принтскрин/ Инстаграм
Во прашање е Сузана Спасовска една од нашите најпознати фолк-пејачки која следната година ја очекува голем јубилеј.
Имено, Спасовска следната година слави 40 години музика кариера, период во кој што таа остави огромно и непроценливо музичко наследство за нашата земја. Со преку стотици снимени народни и авторски песни, освоено бројни награди и признанија, па се до албумот со православни црковни пеења со кој ги воодушеви сите.
Фејсбук/ Сузана Спасовска
Оваа прекрасна дама и неодамна на „Златна бубамара на популарноста“ кога и беше доделена наградата за трајни музички вредности, блесна на сцената и во црвената креација што ја избра ги воодушеви сите.
Фејсбук/ Сузана Спасовска
Она што сите го забележаа е дека Сузана е речиси иста како и некогаш, иако таа веќе ја гази својата шеста деценија.
Впрочем тоа може да се види и од нејзините најновите фотографии, а како изгледала некогаш, потсетете се во продолжение…