Реклама
Бизнис

Eве кои пензионери ќе си добијат 2.500 денари како еднократна финансиска поддршка

Реклама

Општина Кисела Вода продолжува со својата заложба за подобрување на животниот стандард на своите повозрасни жители, воведувајќи за прв пат еднократна финансиска поддршка за најранливите категории пензионери.

Со оваа мерка, финансиска помош ќе добијат сите пензионери кои примаат старосна, инвалидска, семејна или социјална пензија и се жители на општина Кисела Вода, а чии месечни примања не надминуваат 22.640 денари според јануарскиот чек за 2025 година. На секој од нив ќе му бидат доделени 2.500 денари како еднократна финансиска поддршка.

Маркетинг

Општината дополнително ќе го покрие и персоналниот данок, кој не е пресметан во овие средства. Оваа помош ќе се доделува се до исцрпување на предвидените средства, кои во буџетот на Општина Кисела Вода за оваа намена изнесуваат 7.000.000 денари.

-Со воведувањето на оваа финансиска поддршка, Општина Кисела Вода директно помага онаму каде што е најпотребно. Нашите највозрасни жители, пензионерите, заслужуваат сигурност и достоинствен живот, а ние како локална самоуправа правиме сè што е во наша моќ да им го олесниме секојдневието.

Маркетинг

Оваа мерка е уште еден чекор во континуираната грижа за повозрасните сограѓани, со која даваме конкретна финансиска помош, но и јасна порака дека тие не се заборавени- изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Тој потсети дека оваа иницијатива е само еден дел од севкупната поддршка што Општина Кисела Вода ја обезбедува за своите највозрасни жители.

-Во изминатиот период воведовме бесплатен транспорт за пензионерите до здравствени и административни институции, проектот ‘Итно копче’ кој овозможува брза реакција во итни ситуации, како и програмата за грижа и нега на повозрасните лица.

Сите овие мерки се резултат на нашата посветеност да создадеме општина во која секој пензионер ќе има подобар квалитет на живот. Ова не е еднократна акција, туку дел од долгорочна стратегија за подобрување на условите за нашите сограѓани, додаде градоначалникот Ѓорѓиевски.

Јавниот повик ќе биде објавен утре (06.03.2025) во весникот ,,Слободен печат”, како и на општинската веб страна каде што ќе може да ги најдете критериумите и сите дополнителни информации.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button