Не се давам така лесно – Спасен Сиљаноски се огласи по болницата и ги изненади сите со новата порака
Пејачот откри и кој беше кај него на гости

Пејачот ги изненади сите…
Познатиот фолк-пејач Спасен Сиљаноски ги изненади своите обожаватели со својата последна објава на социјалните мрежи.
Имено, тој се снимаше како игра шах со професорот д-р Вело Марковски, па порача дека не се предава, иако има тежок противник.
„Навистина тежок противник е професорот, ама јас не се давам така лесно“, напиша Спасен под објавата на социјалните мрежи.
Фејсбук/ Спасен Сиљаноски
Инаку, оваа објава беше вистинско изненадување за оние што го следат Спасен на социјалните мрежи бидејќи тој претходно неколку пати се огласи од болница. И како што самиот откри, тој беше неколку дена во една приватна клиника во Скопје каде имаше мала интервенција на срцето (повеќе за ова прочитајте тука), па сега од објавата може да видиме дека навистина е како нов.
Инстаграм/ Спасен Сиљаноски
Тој впрочем и од болницата во едно од своите огласувања истакна дека одлично се чувствува и им се заблагодари на докторите и целиот тим, но и на своите обожаватели за поддршката што ја добива од нив.
Тогаш Спасен воедно ја најави и својата турнеја во Австралија на која наскоро заминува, но и настапот за 8- Март во Радовиш.
Инстаграм/ Спасен Сиљаноски
Имено, Спасен во април заминува на голема турнеја во Австралија заедно со младиот пејач Методија Столески и Престиж бенд.
Инстаграм/ Спасен Сиљаноски
Патриот не се создава, тоа е во гените
Потсетуваме, Спасен е познат и како патриот, човек што си ја сака својата земја, но и кој често ги споделува своите патриотски чувства на социјалните мрежи.
Инстаграм/ Спасен Сиљаноски
Неодамна со него поразговаравме токму и на оваа тема, па еве што тој во кратки црти ни изјави во врска со неговиот патриотизам.
„Патриот не се создава, треба тоа да го имате во вашиот ген, односно наследено од вашите роднини, а потоа со тек на формирање на вашата личност патриотизмот само се надградува. Не е лошо во никој случај да сте патриот, патриот треба да биде секој човек, тоа едноставно е љубов кон својата држава и својот народ. Што cе однесува до српска музика апсолутно немам ништо против, секоја музика е свое културно богатство за својата нација од каде што доаѓа.“
Принтскрин/ Фејсбук
„За жал ние сме единствена нација во светот која што повеќе слуша туѓа музика од својата. Јас едноставно не можам да си го дозволам тоа. Немам ништо против да отпеам било каква музика, но сепак македонската музика кај мене е на прво место и така ќе остане. Доколку го почитуваме своето тогаш има место и за се друго. Јас ако не го сакам пред се моето семејство како можам да ве сакам вас?“, изјави тогаш Спасен.
Целото интервју со него прочитајте го тука...