Реклама
Новости

По смртта на Поповиќ исплива вистината за „Ѕвездите на Гранд“ што досега и најблиските не ја знаеја

Непознат детаљ за популарното шоу

Реклама

И покрај големата популарност на „Ѕвездите на Гранд“, малкумина знаат како всушност настанало ова шоу.

И додека сите мислат дека оваа емисија е идеја на Саша Поповиќ и дека тој го има основано истото, заедно со колешката Лепа Брена и нејзиниот сопруг Бобан Живојиновиќ, вистината е малку поинаква.

Имено, по смртта на Поповиќ испливаа досега помалку познати детали во врска со емисијата која што е хит на целиот Балкан.

Маркетинг

Бидејќи Саша Поповиќ беше првиот човек во популарното шоу, сите мислеа дека и самата идеја за шоуто е негова.

Маркетинг
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Но водителот на „Никогаш не е доцна“, Жика Јакшиќ, во еден момент откри досега непознат детаљ, а тоа е дека идејата за натпреварот е негова и дека истата потоа ја реализирал со Поповиќ. Како што откри тој самиот во една пригода, сето тоа се случувало во еден тежок период кога доживеал банкрот и голем „слом“ во животот.

Тоа се случувало во 2000 година, додека живеел во Германија и сакал на својата тогашна сопруга Снежана и синот Андриј да им обезбеди сигурен живот. Но неговите планови не се оствариле и бизнисот во кој што вложил големи пари бил неуспешен, така што завршил со огромен долг што морал да го врати на германските банки.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

„Шест години ми требаше да го вратам сето тоа“, се сеќава Јакшиќ во една пригода, пренесува „Еспресо.рс“.

Но во животот сé ќе му се промени кога ќе се здружи со Саша Поповиќ и откако ќе стане еден од продуцентите во „Ѕвездите на Гранд“.

По разводот од првата жена некое време живеев во Германија, а потоа се преселив во Швајцарија. Таму гледав некоја телевизија и ми дојде идеја за емисијата „Ѕвездите на Гранд“, откри Јакшиќ тогаш.

Инстаграм/ Жика Јакшиќ

Тој потоа својата идеја им ја понудил на тогашната БК телевизија, но тие веќе имале лиценца за идол, па не биле заинтересирани.

„Шест месеци подоцна видов дека нивниот натпревар ќе помине неславно бидејќи натпреварувачите не пеат народна музика. Веднаш отидов кај Саша Поповиќ, кој тогаш беше голем визионер, и идејата за емисијата веднаш му се допадна. Заеднички го започнавме проектот и крајната цел не ни беше гледаност, туку на тие пејачи да им направиме кариера“, се присети тогаш Жика.

Инстаграм/ Жика Јакшиќ

Потсетуваме, балканскиот естраден маг Саша Поповиќ ја изгуби битката од тешката болест и почина на 1. март.

Инстаграм/ Жика Јакшиќ

Како што откриваат неговите најблиски, тој последните неколку дена ги поминал во болница во Париз, каде покрај него цело време биле неговата сопруга Сузана, ќерката Александра и синот Даниел.

Тие биле во собата кога издивнал, а до последниот момент од животот не сакал да зборува за болеста и не им дозволувал на другите да тагуваат. Постојано се слушал со колегите и пријателите, а бил упатен во сите детали во врска со снимањата на „Ѕвездите на Гранд“ и новите епизоди. Што ќе се случува со популарното шоу во иднина, но и како изгледале последните моменти од животот на Поповиќ во болницата во Париз погледнете на линковите во продолжение…

Инстаграм/ Жика Јакшиќ

Еве како изгледале последните минути на Поповиќ во болницата – ова им го забранил на сите (видео)

Тажни зборови на македонските Гранд ѕвезди со кои се збогуваат од Поповиќ – пораки од кои боли душа!

Што ќе се случува со „Ѕвездите на Гранд“ по смртта на Поповиќ? Овие детали сите ги растажија

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button