Реклама
Бизнис

Еве колку чини лукот во Кам, а колку во Жито – ќе се изненадите, ама поевтин тешко ќе најдете

Цената на лукот и на пазарите е солена...

Реклама

Цената на лукот премина преку 300 денари? 

Лукот отсекогаш бил посебно баран во сезоната на вирусите и грипот и ова во Македонија важи од памтивек, но во последно време неговата цена во маркетите се искачи до плафонот, се жалат сите.

Имено, лукот на полиците во нашите продавници се продава по цена од 20 денари за главица или околу 300 денари за килограм, додека за оној поквалитетниот, односно домашниот, ќе платите и нешто повеќе, но истиот тешко дека ќе го најдете во големите маркети.

Маркетинг

Интересно е тоа што овој производ што во минатото го имаше во секоја куќа сега се продава и преку социјалните мрежи. И ако некогаш сме го имале во изобилство, сега многумина го купуваат на парче, нешто што во некои минати времиња било незамисливо и апсурдно.

Маркетинг

Сепак високите цени, како и односот на државата кон земјоделците го направија своето, па сега и лукот стана луксуз.

Цената на лукот во Жито маркет

Но покрај цената постои уште еден голем проблем кога е во прашање овој производ – неговиот вкус, но и квалитетот.

Имено, оние помалите, односно домашните, кои се со помали чешниња се многу посочни, повкусни и со поубава арома.

Но затоа тие се и со посолена цена, па така на еден македонски сајт кој продава домашни производи може да порачате еден килограм домашен лук за 360 денари.

Цената на лукот во Кам

Поголемите парчиња лук полошо мирисаат, но и далеку се поневкусни од домашниот, посебно од оној од нашето старо семе.

Како и да е, станува збор за производ што го подобрува имуитетот, па затоа посебно е баран во зимскиот период.

Од друга страна неговите лековити својства ги признава и народната медицина, па така во овој период од годината и покрај тоа што сите се жалат дека е „ѓаволски“ скап, оние што имаат изразено чувство за мирис, велат дека се чувствува на секој чекор.

Посебно кога ќе се најдат во јавен превоз или ќе застанат во некој маркет покрај некој што своето здравје го чува потпирајќи се и користејќи ги благодатите на природна медицина.

Медицината и лукот

Лукот е употребуван како лек во многу култури во текот на илјадници години, односно неговата примена во медицински цели е стара колку што и египетските пирамиди. Се смета дека лукот помага при срцеви заболувања, како атеросклероза, високо ниво на холестерол во крвта, висок крвен притисок и рак.

Истражувањата вршени на животни, како и на луѓе, укажале на можните придобивки од користењето на лукот за лекување на кардиоваскуларните болести. На пример, во едно чешко истражување се укажало дека лукот го снижувал нивото на холестерол во крвните садови на животните. Во 2007, BBC објави дека лукот може да се корсти во превенцијата и борбата со настинката.

Користењето на лук во исхраната на лабораториски стаорци се покажало дека го зголемува нивото на тестостерон.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button