Велигденскиот пост започнува денес, на 3 март, па домаќинките веќе однапред планираат што ќе подготвуваат за ручек и за останатите оброци во овие денови.
За да не останете без идеи, ви претставуваме еден традиционален рецепт од спрскиот манастир Хиландар на Света Гора, кој често се приготвува во деновите на пост.
Доколку сте љубители на манастирските рецепти, задолжително пробајте ја оваа вкусна хиландарска боранија – хранливо вариво полно со ароми и витамини, кое сигурно ќе го запишете во вашата тетратка со рецепти.
Состојки:
1 кг боранија
1-2 главици кромид
2 чешниња лук
Малку магдонос
2 моркова
3 домати
половина лажичка мајчина душичка
половин алажичка оригано
сол
маслиново масло

Подготовка:
Исчистете ја боранијата, кромидот и лукот, а потоа ситно исечкајте го магдоносот и доматите.
Во длабока тава редете еден слој боранија, па додајте малку сечкан кромид, магдонос и сол. Налејте вода колку да ја покрие смесата и оставете да зоврие.
Потоа повторувајте го истиот редослед на редење додека не ги потрошите сите состојки. Оставете да се крчка на тивок оган.
Кога боранијата ќе омекне, додајте маслиново масло (доколку не постите на вода) и исечканите домати, па варете уште еден час. На крај, додадете го ситно сечканиот лук. Јадењето е готово кога водата ќе испари и одозгора ќе се формира кора.
За празници, боранијата може да се подготви со риба, а надвор од постот со месо. Во тој случај, важно е рибата или месото да се редат меѓу слоевите боранија и кромид за да се соединат вкусовите.

Добар апетит!