Реклама
Шопинг

Евтини фустани од „Зара“ што оваа пролет ќе ги гледаме насекаде – нови модели што го освојуваат светот

Во продавниците на „Зара“ пристигнуваат новите модели што ќе бидат хит оваа пролет

Реклама

Нов фустан во Зара што ќе биде хит оваа пролет…

Речиси да нема девојка што нема барем еден фустан од „Зара“ во својот плакар, еден од омилените брендови на многу дами.

Станува збир за бренд кој отсекогаш ги следел трендовите и кој знае како да им ги исполни желбите на припадничките на понежниот пол, посебно кога е во прашање нивната опсесија со фустани.

Маркетинг

И како и секоја сезона, така и оваа , во продавниците на „Зара“ ќе најдете по нешто интересно за секого, а овој модел уште сега се истакна како фаворит за оваа пролет, па и за летните месеци.

Маркетинг
Фото: Зара

Бел фустан со копчиња 2,590.00 ден

Станува збор за креација во бела боја и од префинет материјал, па доколку сте во потрага по женствен модел, на вистинското место сте.

Моделот е со средна должина и направен од пуплин – природен материјал заради кој вашата кожа ќе ви биде благодарна.

Фото: Зара

Фустанот е со долги ракави и со копчиња во предниот дел, така што ќе може да го носите раскопчан и да добиете поприлично заводлив изглед, односно шлиц со кој ќе ги истакнете нозете, додека тесниот крој во струкот дава нијанса на префинетост и елеганција.

Фото: Зара

Може да го носите како со рамни обувки, така и со високи потпетици, а ќе се воодушевите и од цената за ова генијално парче.

Бонус фустан

Фото: Зара

Модел што наскоро ќе владее и на нашите улици

Покрај волшебниот бел модел, нашите уредници за денес избраа уште едно генијално парче од овој светски познат бренд.

Фото: Зара

Но овој пат во прашање е шик фустан кој е идеален за преодниот период, а најавува уште еден голем тренд што следува.

Фото: Зара

Станува збор за фустаните од џинс, материјал кој се враќа на голема врата, па така тексас-фустаните наскоро ќе бидат маст-хев, еден од оние модели што ќе ја стартуваат пролетната сезона и ќе бидат насекаде и на нашите улици и пред таа да започне календарски. За тоа сведочи и опсесијата со овој фустан на модните инфлуенсерки од целиот свет, па така тој веќе доминира на социјалните мрежи, а исто како и претходниот модел, и овој фустан е со пристојна цена.

Фото: Зара

1,990.00 ден

Повеќе модели и цени погледнете на следната страница…

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
1 2Следна страница

Поврзано

Back to top button