Реклама
Celebrity

Епска љубов: Приказната на Саша Поповиќ и Сузана Јовановиќ е како од роман

Креативниот директор и основач на Гранд продукција, Саша Поповиќ, почина на 71-годишна возраст по кратко боледување. Се сеќаваме на неговата љубовна приказна со најголемата љубов на неговиот живот - сопругата Сузана.

Реклама

Љубовната приказна на Саша Поповиќ и Сузана Јовановиќ е како сценарио од филм – неочекувана, исполнета со нежност, разбирање и неизмерна посветеност. Овој харизматичен пар помина 28 години заедно, градејќи семејство засновано на љубов, почит и заеднички вредности.

фото-принтскрин Инстаграм

Судбинскиот прв состанок

Саша и Сузана се запознале сосема случајно, преку заедничка пријателка, Марјана Украден. Тогаш, Сузана снимала спот во Земун, во поранешниот ЗАМ студио. Саша, кој веќе беше успешен музичар и продуцент, дошол да ја види Марјана, но кога ја здогледал Сузана, нешто во него се променило.

„Бев средена, оставив добар впечаток. Тогаш немавме мобилни, ми даде број од пејџер и ми рече да му се јавам. Нормално, како и секоја жена, прво се правев недостапна,“ се потсетува Сузана во едно интервју.

Маркетинг

Нивното дружење започнало како пријателство.

„Излегувавме како двајца другари, ништо не се случуваше, и ми беше чудно. Почнав да се прашувам дали воопшто му се допаѓам“, искрено открива таа.

Маркетинг

Но, Саша бил искусен заводник и знаел како да ја придобие. Клучниот момент се случил кога Сузана требала да настапи на свадба во Свилајнац, но останала без превоз. Баш тогаш ѝ се јавил Саша. „Кога му кажав дека не можам да одам на настап, само ми рече: ‘Доаѓам!’ Тоа никогаш нема да му го заборавам. Со тој гест ме купи за цел живот.“

Љубов што траеше засекогаш

Од таа вечер не се разделиле. Иако нивниот живот беше постојано во центарот на медиумите, тие никогаш не дозволија јавноста да ја наруши нивната интимност.

„Во почетокот многу емотивно реагирав на разни написи во медиумите, но Сале ме научи дека ‘кучињата лаат, а карванот си врви’“.

Саша беше познат како строг професионалец, но никогаш не ѝ даваше привилегии на Сузана во работата.

„На снимањата морам да дојдам прва, а да заминам последна. Не сакам никој да мисли дека имам посебен третман затоа што сум негова сопруга,“ откри своевремено таа.

Музиката ги споила, но заедничките вредности ги направија неразделни. Тие го создадоа своето семејство со ќерката Александра, а Саша никогаш не правеше разлика меѓу неа и синот на Сузана од првиот брак, Данило.

фото-принтскрин Инстаграм

„Кога се роди Александра, никогаш не покажа разлика. Никогаш не сум почувствувала дека Данило е ставен во втор план“, раскажува Сузана.

Предлогот за брак и бајковитата свадба

Кога Саша ја запросил Сузана, тоа било вистинско изненадување. Еден ден ѝ предложил да одат во неговиот роден град, Нови Сад, а таа мислела дека сака да ја запознае со семејството. Но, кога стигнале, тој ја одвел во златара. „Му реков дека не ми треба скап подарок, а тој ми одговори: ‘Како можам да ти купам обичен прстен за веридба?’“

Свадбата се одржала во 1997 година во хотелот „Интерконтинентал“ во Белград, со присуство на многу познати личности, а кума беше Лепа Брена.

фото-принтскрин Инстаграм

Љубов што остава белег

Саша секогаш зборуваше дека се вљубил во Сузана на прв поглед. „Имав 42 години кога ја запознав. Освојувачка беше нејзината насмевка и нејзината позитивна енергија. За 27 години, никогаш не сме се скарале.“

Сега, кога Саша повеќе не е со нас, неговата љубов кон Сузана останува жива во нејзините зборови и сеќавања. Оваа приказна не е само за славни личности, туку за вистинска љубов која ги надминува сите препреки и остава неизбришлив траг.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button