Рецепти

Омилената торта на Тито – вака ја правеле старите домаќинки, а залакот е царски!

Наводно, рецептот бил долго чувана тајна, сега е откриена, а начинот на подготовка и состојките достапни се за сите љубители на царски торти.

Реклама
Реклама

Сите знаеме дека Јосип Броз Тито бил голем хедонист, па така имал и префинет вкус за храна.

Ова е една од неговите омилени торти, и ви предлагаме да ја направите и пробате што поскоро!

Состојки за една кора (се печат вкупно 3):

Маркетинг

4 белки

5 лажици шеќер

Маркетинг

1 лажица брашно

1 лажица презла

4 лажици ореви

Прв дел од филот:

500 мл млеко

2 кесички ванилин пудинг

5 лажици шеќер

5 лажици брашно

Втор дел од филот:

12 жолчки

80 мл вода

150 гр шеќер

250 гр маргарин

175 гр шеќер во прав

100 гр бело чоколадо

100 гр црно чоколадо

За декорација:

Шлаг

Подготовка:

Изматете ги белките со шеќерот, додајте ги брашното, презлата и оревите. Истурете ја добиената смеса во плех и печете. Истото повторете го трипати за да добиете три кори.

Првиот фил се прави така што во половина литар млеко ќе сварите два пудинга со шеќерот и брашното.

За вториот фил, изматете ги жолчките со шеќерот, постепено додавајќи вода. Оваа смеса варете ја на пареа.

Изматете го маргаринот со шеќерот во прав. Потоа, додадете го сварениот пудинг и варениот фил од жолчки. Изматете сè заедно во еден крем.

Добиениот фил поделете го на два дела – во едниот додајте темно чоколадо, а во другиот бело чоколадо.

Редете ги корите, нанесувајќи ги двата вида фил наизменично. Декорирајте со шлаг.

фото – принтскрин Јутјуб
фото – принтскрин Јутјуб

Уживајте во оваа царска торта!

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button