Илон Маск доби уште едно дете – неговиот 14-ти наследник, веста ја сподели среќната партнерка
Шивон Зилис ја сподели веста на Икс (поранешен Твитер), велејќи: „Разговаравме со Илон и, во светло на прекрасната роденденска прослава на Аркадија, сметавме дека е најдобро директно да ја споделиме веста за нашиот неверојатен син, Селдон Лајкургус."

Извршниот директор на Tesla и Neuralink, милијардерот Илон Маск, доби уште едно дете, проширувајќи ја својата веќе голема фамилија.
Маск, кој важи за еден од највлијателните претприемачи на денешницата, го доби својот четиринаесетти наследник со Шивон Зилис, директорка во неговата компанија Neuralink, со која веќе има три деца.
Шивон Зилис ја сподели веста на Икс (поранешен Твитер), велејќи:
“Разговаравме со Илон и, во светло на прекрасната роденденска прослава на Аркадија, сметавме дека е најдобро директно да ја споделиме веста за нашиот неверојатен син, Селдон Лајкургус.”
Маск на објавата одговори со емотикон срце, оставајќи простор за различни толкувања, но јасно покажувајќи ја својата радост.
Големото семејство на Маск
Ова е четврто дете што Маск го добива со Зилис, но неговата семејна приказна е уште покомплексна.
Милијардерот веќе има деца од различни партнерки, вклучувајќи ја и пејачката Грајмс, со која има три деца – X Æ A-Xii, Exa Dark Sideræl и Techno Mechanicus.
Освен тоа, неодамна инфлуенсерката Ешли Сент Клер откри дека и таа добила дете со Маск, дополнително проширувајќи го неговото потомство.
Маск, кој често зборува за важноста на зголемувањето на светската популација, во повеќе наврати изјавил дека е посветен татко, но и дека неговата работа бара огромен ангажман. Останува да се види како ќе се развива неговото големо семејство и дали ќе следуваат уште изненадувања.
Потесетуваме, претходно гламур.мк пишуваше за изјавата на таткото на Илон Маск, кој рече дека првото дете на Маск починало зашто било згрижено од дадилки, додека таткото отсуствувал, а потоа се јави и пејачката Грајмс која отворено зборуваше за болеста на нејзиното дете од Маск и за тоа дека тој ги игнорира.
Имено, пејачката Грајмс тврди дека нејзиниот син со Илон Маск има тешка болест и инвалидитет, а дека Маск ја игнорира. Според уметницата, ситуацијата може да се влоши ако тој не стапи во контакт и не разговара за проблемот со неа.
Таа не прецизираше за каков проблем зборува или за тоа кој од двата сина на екс-парот има тешка болест.
Грајмс напиша серија објави на социјалната мрежа Икс (поранешен Твитер), која е инаку платформа во сопственост на самиот Маск, но тие подоцна беа избришани. Повеќе за оваа вест прочитајте – ТУКА.
Во меѓувреме се огласи и мајката на 13-то дете на Маск.
Писателката за деца Ешли Сент Клер, која неодамна тврдеше дека добила дете со Илон Маск, се обрати на суд за да се утврди татковството и следствено на тоа да добие алиментација.
Како што пишува „Њујорк пост“, повикувајќи се на судски документи, Ешли „сака да го тужи Илон Маск за да биде јавно признаен како татко на нејзиното дете и да добие единствено старателство над нејзиниот петмесечен син“. Така, стана познато и дека 13-то дете на основачот на Space X е машко дете, повеќе за веста прочитајте – ТУКА.