Ќе се изненадите колку пари во Германија заработуваат Македонците вака и колкава ќе им биде пензијата
Еве колку може да заработите во Германија со „мини-џоб“

„Мини-џоб“ во Германија е термин што се однесува за споредна работа без разлика дали работите како студент или во пензија.
Овој термин се однесува и за сите оние работи што може да ги работите покрај редовната, а речиси 16 отсто од сите работи во Германија се платени според минималната саатнина.
Всушност оваа минимална саатнина е и основа за ваквиот вид ограничени работи познати како „мини-џоб“, кои секој жител во Германија може да ги работи.
Од 2025 година минималната плата за еден работен час изнесува 12.82 евра, а оние што работат „мини-џоб“ им е дозволено да заработат до 556 евра месечно без да плаќаат данок.
Но и овие работи не се целосно ослободени од данок – според информациите не германскиот завод за пензиско осигурување, пензиското осигурување е задолжително и за ваквите работни позиции.
Унсплаш
И колкава ќе биде пензијата?
Па така работодавачите обично плаќаат паушал за овие мали-работи, додека осигуреното лице плаќа само партиципација.
Според пензиското осигурување тоа моментално е 20.02 евра месечно, ако за работата ги добива сите 556 евра.
Конкретно влијание на пензијата има и примањата од 556 евра. Па така секој што година дена потполно ја искористил границата на приходи за овие таканаречени мали работи, како пензионер добива 5 евра повеќе месечно. И ако тоа го пресметате на 45 години работен стаж, тоа изнесува 225 евра месечно кои ви се достапни исклучиво преки овие „мини“ работни позиции (мини-џоб).
Од друга страна, ако пензијата не ви е доволна, и во пензија може да ги работите овие мини-работи и дополнително да заработите. Иако „мини-џоберите“ се задолжителни да склучат и осигурувње, постои можност и да се ослободат од овие обврски, но тоа не може да се примени до истекот на работниот однос.
Фото: Гламур
Дали треба да кажете дека имате споредна работа?
Државата не пропишуваат таква обврска и никој од нив, вклучително и вашиот работодавец, не можат да откријат дали имате „мини-џоб“. Во повеќето договори за вработување постои клаузула дека секое „мини-џоб“ вработување мора да биде договорено и одобрено од вашиот работодавец, меѓутоа дали ќе се држите до тоа или не, зависи од вас и ризикот е ваш.
Повеќе „мини-џоб“ работни места?
Да, можете да работите повеќе „мини-џоб“ работни места. Но треба да запомнете дека штом вашата месечна плата започне да надминува 556 евра, треба да платите данок на доход. Значи, прашањето е колку сето тоа ќе Ви се исплати, пишуваат германските, но и балканските весници и портали од дијаспората кои се занимаваат со оваа проблематика.