Реклама
Вести

Златни раце, златна иднина – ова се најбараните занаети во Европа, плати до 7.000 евра месечно, водоводџиите водат!

Како што индустриите низ Европа продолжуваат да се развиваат, занаетчиите остануваат клучен дел од работната сила. Многу од овие професии нудат конкурентни плати, сигурност во работата и можности за напредок. Без разлика дали штотуку започнувате или размислувате за промена на кариерата, вложувањето во занаетчиска професија може да доведе до стабилна и успешна иднина.

Реклама

Занаетчиите се сè повеќе барани низ Европа, а 2025 година носи уште повеќе можности за специјализирани работници и слободни работни места. Всушност, за занаетчиите секогаш ќе се најде работно место, речиси секаде низ Европа.

Доколку размислувате да влезете во индустријата или барате промена на кариерата, сега е одлично време да ги развиете вашите вештини.

Еве преглед на најбараните занаети и како можете да ги искористите овие можности.

Маркетинг

Водоводџија

Водоводџиите се клучни работници низ Европа, со зголемена побарувачка во 2025 во земји како Германија, Холандија и Норвешка. Специјализацијата во водовод нуди долгорочна стабилност во кариерата, како и можности за работа на станбени, комерцијални и индустриски проекти. Обуката вклучува посетување на стручно училиште, завршување на пракса и добивање на професионална лиценца. Искусните водоводџии можат да напредуваат во супервизорски улоги или да започнат сопствен бизнис.

Маркетинг

Во некои земји, како што се Германија, Норвешка, Швајцарија и Данска, искусни и специјализирани водоводџии можат да заработат и до 7.000 евра месечно. Сепак, овие високи плати обично се резервирани за професионалци со долгогодишно искуство и специјализации.

Електричар

Побарувачката за електричари постојано расте, особено со проширувањето на секторите за обновлива енергија во земји како Шведска и Данска.

Основите на електричарската работа можат да се научат за неколку месеци во стручно училиште, по што следува пракса за стекнување практично искуство. Сертификација е неопходна во повеќето европски земји. Со зголемениот фокус на чистата енергија, електричарите кои се специјализираат во соларна и ветерна енергија се особено барани.

Механичар за лифтови

Механичарите за лифтови имаат клучна улога во одржувањето на висококатниците низ Европа, особено во урбаните центри како Лондон, Париз и Берлин. Бидејќи лифтовите се неопходни за модерната инфраструктура, работните места во оваа област се сметаат за стабилни.

Обуката обично се врши преку пракси и учење преку работа. Иако можеби ќе треба малку повеќе време за да се најде соодветна можност, квалификуваните механичари за лифтови можат да заработат конкурентни плати и да уживаат во сигурноста на работното место.

Техничар за климатизација (HVAC)

Техничарите за греење, вентилација и климатизација (HVAC) се одговорни за одржување на удобноста во затворените простори во текот на целата година. Со екстремните температури што стануваат сè почести, побарувачката за HVAC експерти расте, особено во јужна Европа.

Сертификациските програми обично траат помалку од една година, но многу професионалци избираат да завршат двегодишна програма за повисоко образование. Дополнителните сертификати можат да доведат до повисоки плати и подобри можности за работа.

Столар

Столарите се секогаш барани, особено во градежно интензивни земји како Франција и Австрија. Вештите столари работат на сè, од станбени куќи до комерцијални згради, изработувајќи мебел, рамки и завршни работи. Обуката вклучува пракси или технички образовни програми, а искусните столари можат да се специјализираат во изработка на луксузен мебел или реставрација на антиквитети што ќе ги доведо до вртоглави заработувачки.

Платите на столарите во Европа се движат од приближно 34.339 до 46.498 евра годишно, но во некои земји и речиси двојно од тоа.

На пример, зо земји како Луксембург, Данска, Ирска, Белгија, Австрија и Германија, каде што просечните годишни бруто плати се меѓу највисоките во Европа, столарите можат да очекуваат повисоки примања. На пример, во Луксембург, просечната годишна бруто плата изнесува 81.064 евра, додека во Данска е 67.604 евра.

Заварувач

Заварувачите се неопходни во индустрии како што се бродоградбата, автомобилската индустрија и развојот на инфраструктурата. Земји како Норвешка и Холандија имаат особено голема побарувачка за квалификувани заварувачи во 2025 година.

Обуката обично се состои од стручни курсеви и пракси, со можности за специјализација во напредни техники како подводно заварување или апликации во воздухопловната индустрија.

Пекари, пица мајстори

Во некои европски земји, особено во туристички дестинации како Хрватска, побарувачката за пица мајстори и пекари е значителна, особено за време на туристичката сезона. Според информациите за 2025, платите за пица мајстори во Хрватска се движат од 1.000 до 2.500 евра месечно, во зависност од искуството и локацијата.

Пекарите, исто така, се барани, но нивните плати обично се пониски во споредба со пица мајсторите.

Важно е да се напомене дека сезонските позиции често вклучуваат долги работни часови и работа без слободни денови, особено во текот на туристичката сезона. Дополнително, многу работодавци обезбедуваат сместување и храна како дел од пакетот за вработување, што може да биде значителна придобивка за работниците кои доаѓаат од други земји.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button