Реклама
Наши ѕвезди

Нашиот познат пејач се огласи од болничкиот кревет – ги загрижи фановите, па откри со што се соочува

Пејачот Спасен повторно се огласи од болницата

Реклама

Познатиот македонски фолк-пејач се огласи од болница и им се заблагодари на сите за поддршката

Еден од нашите најпознати фолк-пејачи Спасен Сиљаноски ова утро повторно се огласи од болница и откри што се случува.

Имено, пејачот мораше да направи мала интервенција на срцето, за која самиот вели дека е рутинска и дека не е ништо страшно.

Маркетинг

Спасен самиот неодамна ни откри дека има закажана интервенција во една од нашите приватни клиники (види тука), а вчера се огласи од болницата по интервенцијата и откри дека сé е во ред.

Маркетинг
Принтскрин/ Спасен Сиљаноски

И како што ме да се види и од видеото што го објави, интервенцијата му беше направена во една од нашите најдобри болници, од страна на еден од најдобрите македонски кардиолози.

Принтскрин/ Спасен Сиљаноски

По ова огласување од операционата сала во кое тој дури и запеа, Спасен сними уште една снимка, овој пат од болничкиот кревет.

„Само да ве поздравам од овој болнички кревет, јас сум супер. За оние што не знаат, а што ме прашуваат што се случува – имав мала интервенција на срцето, која што е не е опасна, рутинска интервенција. Сега е океј, уште подобар сум, се чувствувам одлично“, вели Спасен, а потоа го најави своето гостување за 8. Март во Радовиш, но и откри и дека наскоро го очекува голема турнеја во Австралија.

Принтскрин/ Спасен Сиљаноски

„Ве сакам, се гледаме на 8 март Радовиш, бидете ми здрави и живи“, порача Спасен на крајот од ова свое обраќање на Фејсбук.

Принтскрин/ Спасен Сиљаноски

Од самото видео, но и од неговата најава за следните настапи се гледа дека се чувствува добро и дека не е загрижен за интервенцијата.

Принтскрин/ Спасен Сиљаноски

Потсетуваме, Спасен само неколку дена пред интервенцијата за Гламур откри и дека работи на нови песни, кои наскоро би требало да ги издаде.

„Се уште сметам дека не сум го постигнал максимумот од себе, иако небото нема граници јас сакам да ги бркам висините, до каде би одел не знам но дефинитивно се чувствувам сеуште енергичен, креативен, инвентивен да создавам дела кои се надевам дека ќе останат и траат долги години после мене. Во овој момент работам на 4 мои нови песни, кои се надевам дека ќе успеам да ги објавам барем до Велигден. Публиката ќе го има последниот збор“, изјави Спасен.

Со Спасен поразговаравме и за многу други интересни теми, а целото интервју со него прочитајте го тука.

Принтскрин/ Спасен Сиљаноски

Принтскрин/ Спасен Сиљаноски

Принтскрин/ Спасен Сиљаноски

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button