Реклама
ПрепоракиСтил

Топла, крцкава, неодолива – овде ќе ја вкусите најдобрата симит-погача во Скопје

Ако не сте пробале симит-погача, не сте го вкусиле Скопје. Се јаде наутро, најчесто топла, штотуку извадена од фурна, а вкусот е едноставно неодолив – вкусен симит, мрсен и сочен внатре, а крцкав на краевите што се топи во уста.

Реклама

Кој бил во Скопје, а не пробал симит-погача, нека си знае дека не го доживеал вистинскиот вкус на градот – оној дел од неговата „гастрономска монументалност“ што опстојува покрај бројните споменици.

Симит-погачата е оригинален скопски специјалитет, едноставен за подготовка – само со брашно, масло, сол и вода – но со вкус што се памти.

Симитот е лебот, а погачата е тесто налик на пита, но помрсна и крцкава, без месо или сирење внатре. Кога се сервира заедно, во форма на сендвич, го добива познатото име симит-погача – што за неупатените можеби изгледа како „леб со леб“, но токму овој специјалитет ја издвојува скопската гастрономија со децении. Ја јадат сите, без разлика на социјални, етнички или верски разлики, правејќи ја симит-погачата симбол на мултикултурниот дух на Скопје.“

Маркетинг

Скопски специјалитет што не постои во Турција

Името на симит-погачата можеби звучи турски, но во Турција нема да најдете симитка. Во Истанбул можете да ја најдете како „Ушкуп симит погача“ (Скопска симит-погача), но само во пекари каде што сопствениците потекнуваат од Скопје. Во последно време, симит-погачата почна да се појавува и на Косово.

Тајната состојка – „маја наут“

Потеклото на оваа традиционална вкусотија е забележано уште од патеписецот Евлија Челебија (1611-1682). Тој при својата посета на Скопската чаршија бил маѓепсан од мирисот што се ширел низ улиците и дознал дека во подготовката на тестото се користи посебен ферментиран квасец наречен „маја наут“, направен од наут (леблебија).

Маркетинг

Токму „маја наут“ му ја дава на симитот неговата препознатлива структура и вкус. Овој процес бара посебна умешност и многу време – тестото мора да ферментира цела ноќ, и тоа е и причината зошто повеќето пекари во Скопје, за жал, ја избегнуваат оригиналната техника и се одлучуваат за побрзи методи.

Каде ќе ја најдете најдобрата

Фурната „Бит Пазар“ во Старата чаршија е место каде што можете да ја пробате најавтентичната симит погача во градот. Со рецепт пренесуван низ генерации, тука се нуди симит погача со совршена текстура, крцкава внатре и мека однадвор, со неодолива арома што ве враќа во времето кога традиционалното печење беше уметност.

„Бит Пазар“ сè уште работи на традиционален начин на печење, со голема фурна на дрва и со метод маја-наут.

фото- фурна Бит Пазар, фејсбук
фото- фурна Бит Пазар, фејсбук

На ваков начин се добива онаа неповторлива арома и вкус што никако не може да се реплицира со модерен начин на печење.

Фурната датира од пред 150 години. Од тогаш, до денес, рецептот се пренесува генерациски, и го има задржано истиот традиционален начин на работа.

Освен, превкусни – ама баш превкусни- симитки, од фурна Бит Пазар може да дегустирате и превкусен бурек, банички, ѓевреци.

фото- фурна Бит Пазар, фејсбук
фото- фурна Бит Пазар, фејсбук

Симит погачата најчесто се јаде наутро и е неизоставен дел од појадокот на многу скопјани. Цените низ градот варираат од 35 до 50 денари, што ја прави достапна за сите. Независно дали сте локалец или гостин во градот, пробувањето на симит погачата е ритуал што не смее да се пропушти.

Со оглед на тоа што се помалку мајстори за традиционална симит погача останаа во Скопје, оригиналниот рецепт се поретко може да го вкусите. Уште во 2015 година здружението „Еснаф“, кое ги обединува занаетчиите од Чаршијата, започна иницијатива за брендирање на симит-погачата со цел, освен брендирањето, државата да го субвенционира производството на симит-погачата според оригиналниот рецепт, со ‘маја наут’, бидејќи тоа е напорен процес што многу производители го избегнуваат во трката по профит. Но, до каде е работата со субвенционирањето, не видовме резултати.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button