Реклама
CelebrityНаши ѕвезди

Горда сестра: Пејачката се пофали со нејзиниот познат брат доктор, а еве и зошто

Реклама

Многу пати сме зборувале за семејството Лазарови. И веќе роднинската врска на најпопуларните јавни личности од оваа фамилија е разоткриена. Покрај најпознатиот македонски јутјубер Стефан Лазааров и неговата сестра актерката Марија, ќе се потсетиме дека од другата страна се и популарниот доктор, гласноговорникот Ненад Лазаров и неговата сестра популарната фолк пејачка Ивана Серафимовска, кои се први братучеди.

Не ретко сме ви покажале како тие меѓусебно се почитуваат и поддржуваат.

Ивана Серафимовска неодамна сподели видео во кое ја поддржа братучетка ѝ Марија, откако таа беше нападната по социјалните мрежи со погрдни коментари на еден рил, исечок од гостување во поткаст.

Маркетинг

По ова Серафимовска ги подбра сите зли луѓе кои пишуваат лошо на социјалните мрежи. При тоа ја пофали својата убава и амбициозна братучетка, која е навистина многу креативна во својата работа.

Сестрата на Стефан Лазаров „нападната“ со лоши коментари на Фејсбук, позната пејачка застана во нејзина одбрана

Маркетинг

Овој пат Ивана напиша статус за својот брат.  Имено, д-р Лазаров вчера беше гостин во поткастот „Претрес“ кај Кристијан Ландов.

Темата беше поврзана со најновиот скандал во здравството. Докторот на Урологија кој се однесувал недолично и буквално урлал низ ходниците и се дерел хистерично и внука на болен пациент од кацином која го снимила лошото однесување на лекарот, откако тој не сакал да го прими нејзиниот дедо кој е болен од рак и е во количка.

Јавноста имаше во текот на целиот ден бурни рекации за ова немило случување  и како од пандорина кутија почнаа да излегуваат ситуации и приказни и на други пациенти кои им се случуваат низ болничките лавиринти.

И д-р Лазаров беше меѓу оние кои јавно, на својот фејсбук профил,  го сподели своето мислење за оваа ситуација.

Во нормална болница,
да се дереш онака хистерично на пациенти ќе дојде обезбедување ама ќе излезеш со нив ти а не пациентите.
И не треба на дисциплинска, треба на вонреден медицински преглед да оди – напиша докторот.

Ландов го покани д-р Лазаров кој без влакна на јазикот кажа многу работи кои јавноста треба да ги знае.

Сестрата на докторот не ја сокри радоста и гордоста што има ваков брад и го напиша следново:

ИЗВИНЕТЕ ШТО ВИ СМЕТАМ, ОВА Е БРАТ МИ И ЈАС СЕ ГОРДЕАМ СО ТОА ШТО ВО ОВА ВРЕМЕ-НЕВРЕМЕ ПРЕРАСНА ПРЕД СЕ ВО ЧОВЕЧИШТЕ, А ПОСЛЕ ВО ПРЕКРАСЕН И ПОСВЕТЕН ДОКТОР!

Доколку сакате да го погледенте поткастот повелете линк.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button