Реклама
NEWSВести

Да помогнеме: Самохран татко го загуби домот во пожар – Иван, Марко и Бранислав бараат основни услови за живот!

Реклама

Ние сме хуман народ, тоа сме го покажале безброј пати. Ајде да помогнеме на уште едно скопско семејство коe го загуби домот во пожар.

Во скопската населба Тафталиџе пред 12 дена, на 14 февруари вечерта избувна голем пожар во станот на Иван, самохран родител на Марко (20) и Бранислав (16).

Огнената стихија за само 10 минути целосно го уништи нивниот дом – изгоре сè, буквално сè. Облеката, мебелот, електричните уреди, па дури и спомените од нивниот топол дом, исчезнаа во пламенот. Ова семејство во еден миг остана без покрив над главата и без основни услови за живот. Сега им е потребна нашата помош за да го обноват својот дом и повторно да имаат безбедно место за живеење -стои во апелот за помош кој го објави д-р Ненад Лазаров.

Маркетинг

 

Маркетинг

Секоја донација, без разлика на износот, значи чекор поблиску до нов дом и надеж за подобро утре. Доколку сте во можност и сакате да помогнете еве ги деталите кои стојатна објавата што е потребно и како можете да дадете свој придонес за ова семејство поскоро да се згрижи на овие студени денови.

Вкупниот буџет изнесува 706.940,00 денари и е распределен на следниов начин:

Промена на електро инсталацијата (работна рака и материјал) – 77.500,00 ден.
Стругање, гипсирање и молерисување на ѕидови (работна рака и материјал) – 137.200,00 ден.
Гипсани плочи (со работна рака) – 30.000,00 ден.
Плочки (материјал + работна рака) – 108.240,00 ден.
Прозори – 68.000,00 ден.
Ламинат – 48.000,00 ден.
Парно средување – 78.000,00 ден.
Врати (4+1) – 115.000,00 ден.
Санитарија за купатило – 45.000,00 ден.

Линк до целата објава. 

фото: ecrowd.mk

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button