Реклама
Бизнис

Ниските цени на „Тему“ не се ГЛАВНА ТЕМА само во Македонија – Кинезите играат брутално

Цените се брутално ниски во споредба со конкуренцијата, а еве и како Трамп им „заврши“ работа на Кинезите

Реклама

За само две години „Тему“ стана една од најголемите онлајн продавници во целиот свет што е неверојатен успех.

Тоа секако важи и за Америка каде и тамошните посетители се бомбардирани со најразлични предмети кои им го привлекуваат вниманието, но кои најверојатно веќе некаде и некогаш ги барале истите овие производи, а кои сега им се нудат по супер екстремно ниски цени.

И сето тоа проследено со огромен број банери, тајмери за одбројување и бројни подароци, краткотрајни понуди, попусти..

Маркетинг

Да, „Тему“ не е приказна која се шири како вирус само кај нас, тој е феномен што се случува во исто време насекаде во светот.

Маркетинг

Кина преку „Тему“ најде начин како директно да ги продава своите производи на потрошувачите, а не само да ги произведува истите.

И додека рекламите на „Тему“ ги убедуваат потрошувачите да купуваат како милионери, наведувајќи дека цените се толку ниски што секој би можел да пронајде нешто што ќе му затреба, Американците ја прифатија оваа игра и со 50 милиони муштерии месечно од оваа земја, според податоците од истражувачката форма „Sensor Tower“, „Тему“ наскоро би можел да го надмине и Амазон кога е во прашање е-трговијата.

И според анализите на Е Маркетир „Тему“ оваа година само во САД ќе оствари продажба вредна 30 милијарди долари, бројка за која на светскиот гигант „Амазон“ му беа потреби десет години за да ја достигне, што е неверојатно.

И сето тоа благодарение на Доналд Трамп и неговите царини што ги воведе во претходниот мандат, а кои ги задржа и Бајден. Тие и двајцата ја оставија речиси недопрена вековната дупка во законот која не ги опфаќа меѓународните пакети вредни помалку од 800 долари по парче, па оваа можност за испраќање на артикли директно во САД без царина беше идеална прилика „Тему“ да биде поевтин од сите.

Поевтин и од „пластичарска“?

Политиката со ниски цени не е револуционерна во Кина, за разлика од многу земји во кои „Тему“ неверојатно брзо се шири.

Платформата го следи деловниот модел на својата матична компанија Пиндуоду (PDD Holdings) која го отвари „Тему“ во Бостон во 2022 година, а како меѓународна подружница на оваа компанија ги преставува амбициите на Кина од светска фабрика да се претвори во светска продавница, така што ниските цени не се никаква привремена тактика, туку основата во долгогодишната стратегија на „Тему“.

Како оваа платформа успеа да го направи ова, но и во што се крие тајната на нивниот успех, прочитајте во следниот текст.

Купувањето на „Тему“ поевтино и од „пластичарска“?! Екстремно ниските цени сите ги изненадија

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button