Реклама
Дом и семејство

Како да ја спасите пресолената супа? Корисни трикови за секоја домаќинка

Со овие едноставни трикови, нема да ви биде страв ако случајно претерате со солта – супата секогаш ќе може да се спаси!

Реклама

Замислете ја следнава ситуација: додавате уште една прстофат сол во супата или, уште полошо, капакот од соларникот ви паѓа, и сега јадењето е пресолено. Не фрлајте ја супата! Грешката може да се поправи со неколку едноставни трикови.

Разредување – најлесниот метод

Ако супата ви изгледа пресолена, можно е да е предолго варена, па течноста испарила и вкусот станал пренагласен. Едноставно додајте повеќе вода или несолен бујон, мешајте и пробувајте, за да избегнете преголемо разредување. Овој метод е најдобар за бистри супи, но кај кремасти супи треба да се користи со претпазливост.

Киселина за баланс на вкусот

Малку лимонов сок или оцет може да помогне да се ублажи солениот вкус. Додавајте постепено – по неколку капки или една лажичка одеднаш – за да постигнете идеална рамнотежа на вкусовите.

Маркетинг

Компир – природно ја апсорбира солта

Додавањето излупен компир во супата е класичен трик кој функционира одлично. Компирот впива дел од солта додека се вари, а потоа може да се извади пред сервирање.

Скробни додатоци

Оризот, тестенините или другите скробни намирници ќе ја апсорбираат солта и ќе ја направат супата попријатна за јадење. Дополнително, ќе ѝ дадат и погуста текстура.

Маркетинг

Млечни производи за поблаг вкус

Доколку супата ви е пресолена, додадете малку млеко, павлака или јогурт. Ова особено помага кај доматни и зачинети супи, но внимавајте ако супата веќе содржи млечни производи – може да ја смени структурата.

Коцка шеќер секогаш функционира

Ако супата е малку пресолена, но не сакате да ја разредувате со вода, земете коцка шеќер и натопи ја на лажица во супата неколку секунди – ќе впие дел од вишокот сол. Потоа извадете ја коцката и пробајте ја супата. Ова одлично функционира за супи со домати или зеленчук!

Преголемата количина сол – здравствен ризик

Премногу сол во исхраната може да доведе до висок крвен притисок, срцеви заболувања и губење на калциум. Доколку користите готов бујон, секогаш бирајте варијанти со намалено количество натриум или без сол за да имате подобра контрола врз вкусот, но и во полза на здравствените придобивки.

Претходно гламур.мк пишуваше за корисни трикови како џигерот да биде мек како путер. Со нашите проверени рецепти ќе добиете џигер кој навистина се топи во уста. Текстот прочитајте го – ТУКА. 

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button